08 Јануари, 2025
0.0262

КУЛТНИ БРЕНДОВИ КОИ ЗГАСНАА ВО 2024: Esprit, The Body Shop, Tupperware...прогласија банкрот

Објавено во: Економија 07 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Според податоците на истражувачката компанија CoreSight, само до крајот на ноември 2024 година биле затворени околу 7.100 продавници за мебел, електроника и облека, што е значително повеќе отколку во истиот период во 2023 година. Главната причина за овој тренд лежи во фактот што секторот го достигна својот врв во текот на 2021 и 2022 година, но не беше реално да се очекува таков раст да продолжи.

Податоците на Евростат покажуваат дека бројот на банкроти во Европа е на еден од највисоките точки од 2018 година и продолжува да расте. Во третиот квартал од 2024 година, бројот на банкроти во Европската унија е за 2,7 отсто поголем во однос на претходниот квартал, додека во еврозоната овој раст е 3,7 проценти.

Најголем пораст на бројот на банкроти е забележан во Данска (+26,4 отсто), Полска (+20,6отсто) и Грција (+17,6отсто), додека најголемо намалување е забележано во Кипар (-85,7отсто), во Унгарија (- 18,5отсто) и Словенија (-12,5отсто).

1. Тапервер

Добро познатиот производител на опрема за складирање храна поднесе барање за стечај во септември по долгогодишна борба со намалената продажба предизвикана од конкуренцијата со ниска цена. За време на пандемијата забележаа краткорочен пораст на продажбата, но по нејзиното завршување повторно наидоа на проблеми. Зголемените трошоци за суровини, транспорт и плати станаа преголем товар за 78-годишната компанија. Еколошки свесните потрошувачи, исто така, ги критикуваа пластичните производи, што го поттикна Tupperware да воведе стаклени производи. Сепак, тоа не беше доволно за да се преживее. Компанијата побара судско одобрение за продажба на бизнисот, со континуирано работење во текот на тој процес.

2. Нортволт

Шведскиот производител на батерии за електрични возила поднесе барање за заштита од банкрот во САД. Компанијата објави дека има долг од 5,84 милијарди долари и само 30 милиони долари во готовина, што е доволно за една недела бизнис. Откажувањето на нарачката за батерии од 2 милијарди евра од BMW беше клучен удар.

3. The Body Shop

Познат синџир на козметика поднесе барање за стечај во Англија, што резултираше со затворање на продавници во бројни европски земји. Високите трошоци за изнајмување и запоставувањето на помладите потрошувачи ја ставаат компанијата, основана во 1976 година, во тешка ситуација.

4. Волокоптер

Германскиот производител на воздушни такси, поддржан од Mercedes-Benz, поднесе барање за стечај кон крајот на годината. Компанијата сè уште бара инвеститори за влез на пазарот на комерцијални воздушни такси, но моменталните финансиски проблеми бараат реструктурирање.

Што се воздушни такси?Воздушните такси се иновативно транспортно средство, најчесто мали електрични летала, дизајнирани за превоз на патници на кратки растојанија. Тие обично се вертикално-полетувачки и слетувачки летала (VTOL), што значи дека можат да полетуваат и слетуваат вертикално како хеликоптер. Идејата е да се понуди брз и ефикасен транспорт во урбаните и густо населени области, често со цел да се избегне сообраќајот на земја.

Volocopter е една од компаниите што работеше на вакви технологии, но финансиските предизвици ја принудија на стечај и реструктурирање.

5. Есприт

Модниот бренд затвори филијали во Германија, а тоа влијае на 1.300 работници. Во текот на годината, компанијата поднесе барање за несолвентност во Белгија, Швајцарија, Данска и САД. Марката ќе опстане во Европа благодарение на инвеститорот кој ги купи правата на трговската марка.

6. Група ФТИ

Еден од најголемите европски тур-оператори прогласи банкрот откако не успеа да најде стратешки партнер. Овој потег погоди 11.000 вработени и десетици илјади патници чии патувања беа откажани.

7. Scotch and Soda

Холандскиот моден ланец ги затвори своите филијали во Германија и отпушти стотици работници поради финансиски проблеми и недостаток на логистичка поддршка.

8. Red Lobster

Најголемиот ланец на рибни ресторани заврши во банкрот со повеќе од милијарда долари долг. Компанијата успеа да излезе од банкрот во септември благодарение на новиот сопственик и промените во работењето.

9. Spirit Airlines

Најголемата американска нискобуџетна авиокомпанија прогласи банкрот поради зголемените загуби и конкуренцијата. Компанијата се надева дека ќе излезе од банкрот на почетокот на 2025 година преку реструктуирање.

фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Можеби ќе ве интересира

МАЖИТЕ НАДВОР ОД УПРАВНИТЕ ОДБОРИ, ДОАЃА ВРЕМЕ НА ЖЕНИТЕ - во хрватските најголеми компании понежниот пол ќе мора да стигне до 40 отсто

МАЖИТЕ НАДВОР ОД УПРАВНИТЕ ОДБОРИ, ДОАЃА ВРЕМЕ НА ЖЕНИТЕ - во хрватските најголеми компании понежниот пол ќе мора да стигне до 40 отсто

Капа долу! Која државна фирма 13 години без прекин секоја година дели дивиденда?

Капа долу! Која државна фирма 13 години без прекин секоја година дели дивиденда?

Префрлени 38,5 милиони евра за „Бехтел и Енка“ на последниот ден пред истекот на рокот

Префрлени 38,5 милиони евра за „Бехтел и Енка“ на последниот ден пред истекот на рокот

КРАЈ НА РАБОТАТА КАКО ШТО ЈА ПОЗНАВАМЕ? Годинава доаѓаат агенти за вештачка интелигенција, тие ќе ни ги променат животите и работата

КРАЈ НА РАБОТАТА КАКО ШТО ЈА ПОЗНАВАМЕ? Годинава доаѓаат агенти за вештачка интелигенција, тие ќе ни ги променат животите и работата

НОВИОТ СИСТЕМ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ КОНЕЧНО БИ МОЖЕЛ ДА ПРОФУНКЦИОНИРА ГОДИНАВА: Еве точно како ќе функционира и за кого ќе важат правилата

НОВИОТ СИСТЕМ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ КОНЕЧНО БИ МОЖЕЛ ДА ПРОФУНКЦИОНИРА ГОДИНАВА: Еве точно како ќе функционира и за кого ќе важат правилата

СЕ УШТЕ ТЕЧЕ: Газпром објави колку гас транспортира преку Украина

СЕ УШТЕ ТЕЧЕ: Газпром објави колку гас транспортира преку Украина

РАСТАТ ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА: Во позадина се вестите од Иран и Русија

РАСТАТ ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА: Во позадина се вестите од Иран и Русија

АВТОМОБИЛСКИОТ ГИГАНТ НА ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА BYD ГО ПРЕСТИГНА ТЕСЛА: Во 2024 испорача скоро 510.000 возила

АВТОМОБИЛСКИОТ ГИГАНТ НА ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА BYD ГО ПРЕСТИГНА ТЕСЛА: Во 2024 испорача скоро 510.000 возила

ЗАГРИЖУВАЧКА СОСТОЈБА ВО ЕВРОПА ТРИ МЕСЕЦИ ПО РЕД: Во оваа земја на Балканот е најлошо

ЗАГРИЖУВАЧКА СОСТОЈБА ВО ЕВРОПА ТРИ МЕСЕЦИ ПО РЕД: Во оваа земја на Балканот е најлошо