15 Јуни, 2025
0.1363

ВО ОВИЕ ДРЖАВИ ЛУЃЕТО НАЈМАЛКУ РАБОТАТ, НАЈМНОГУ УЖИВААТ И НАЈДОЛГО ЖИВЕАТ: Повозрасните работници имаат до 36 дена платен одмор

Објавено во: Економија 10 Јули, 2024 15:41

Добивај вести на Viber

Параметрите земени предвид од истражувањето за квалитетот на животот на Универзитетот Оксфорд при рангирањето на земјите го вклучуваат просечниот број на работни часови неделно, должината на годишниот одмор, процентот на жители кои имаат непречен ноќен сон, очекуваниот животен век и чувството на среќа на испитаниците во секоја земја која е вклучена во истражувањето.

Врз основа на дадените критериуми, Луксембург е на врвот, меѓу другото, благодарение на системот во кој работодавците ги наградуваат вработените со поголем годишен одмор колку што се повозрасни. Работниците над 55 години во оваа земја имаат просечно 36 дена платен годишен одмор.

Австрија и Данска, кои го заземаат второто и третото место, на работниците им даваат минимум 25 дена платен одмор годишно. Ова е целата топ 10 листа на земји чии жители очигледно најмногу уживаат во животот:

- Луксембург

- Австрија

- Данска

- Норвешка

- Финска

- Шведска

- Франција

- Белорусија

- Холандија

- Швајцарија

Британија е рангирана на 17-тото место благодарение на разумното просечно работно време од 36 часа неделно, релативно високиот животен век од 81,2 години, а повеќе од половина од испитаниците исто така изјавиле дека во просек спиеле 7,5 часа навечер, што е добр резултат.

Интересно е што Соединетите Американски Држави се нашле на 87. место, меѓу другото и затоа што на работниците воопшто не им се гарантирани деновите за платени одмори, а дел од населението е незадоволно од квалитетот на сонот во текот на ноќта.

Од друга страна, Кина, Мексико и Малезија се исклучително лошо рангирани, бидејќи во сите три земји просечното работно време е 46 часа неделно. Иако работното време е значително подолго, и би се очекувало вработените да добијат повеќе слободно време, тоа воопшто не е така. Во Кина вработените добиваат само 5 дена годишен одмор, во Мексико 6, а во Малезија 8.

фото: EPA

Можеби ќе ве интересира

ПЛАТАТА НЕ Е ПРОБЛЕМ: Сепак дури 70 проценти од словенечките работници размислуваат за промена на работното место

ПЛАТАТА НЕ Е ПРОБЛЕМ: Сепак дури 70 проценти од словенечките работници размислуваат за промена на работното место

НЕ БАРААТ СИРОМАШНИ: „Златната виза“ на Трамп е пат до државјанство за 5 милиони долари

НЕ БАРААТ СИРОМАШНИ: „Златната виза“ на Трамп е пат до државјанство за 5 милиони долари

НА НАЈНИСКО НИВО ЗА ТРИ ГОДИНИ: Зошто „тоне“ вредноста на доларот?

НА НАЈНИСКО НИВО ЗА ТРИ ГОДИНИ: Зошто „тоне“ вредноста на доларот?

ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ ПРEСЕЧЕ: Нема повеќе стимулации за вработување имигранти

ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ ПРEСЕЧЕ: Нема повеќе стимулации за вработување имигранти

МОДНА ПОЛИЦИЈА, ЗАБРАНА ЗА СЕЛФИ, СКОКАЊЕ ОД КАРПИ ВО МОРЕ, ПУШЕЊЕ НА ПЛАЖА: Стотици, па и илјадници евра казни во популарните туристичките центри низ Европа

МОДНА ПОЛИЦИЈА, ЗАБРАНА ЗА СЕЛФИ, СКОКАЊЕ ОД КАРПИ ВО МОРЕ, ПУШЕЊЕ НА ПЛАЖА: Стотици, па и илјадници евра казни во популарните туристичките центри низ Европа

УБЕР СО АВТОНОМНИ ВОЗИЛА ВО ЛОНДОН ОД СЛЕДНАТА ПРОЛЕТ: Новата технологија ќе создаде дополнителни 38.000 работни

УБЕР СО АВТОНОМНИ ВОЗИЛА ВО ЛОНДОН ОД СЛЕДНАТА ПРОЛЕТ: Новата технологија ќе создаде дополнителни 38.000 работни

КЛИЕНТИ НА ДВЕ ГОЛЕМИ БАНКИ ВО ГЕРМАНИЈА СЕ ЦЕЛ НА ИЗМАМНИЦИ: Постојат неколку начини како да се заштитат

КЛИЕНТИ НА ДВЕ ГОЛЕМИ БАНКИ ВО ГЕРМАНИЈА СЕ ЦЕЛ НА ИЗМАМНИЦИ: Постојат неколку начини како да се заштитат

Трамп пријави повеќе од 600 милиони долари приход од криптовалути и голф клубови

Трамп пријави повеќе од 600 милиони долари приход од криптовалути и голф клубови

Русинка откри колку троши нејзиното четиричлено семејство во Белград

Русинка откри колку троши нејзиното четиричлено семејство во Белград