15 Декември, 2025
0.0505

Во овој македонски град е претешко да се најде работа или луѓето не сакаат да работат?

Објавено во: Економија 03 Јуни, 2019 19:43

Добивај вести на Viber

Само едно слободно работно место е евидентирано во Дебар, стоеше вчера на веб страницата на Агенцијата за вработување каде се наведени слободните работни места по центрите за вработување низ државата.


Заедно со Дебар, во незавидна положба се и Валандово каде се регистрирани 1, а во Крушево 4 слободни работни места. Бројките од ден на ден се менуваат. Ова покажува дека во малите места шанси за вработување скоро и да нема. Од друга страна во април годинава во Дебар се регистрирани вкупно 2.016 невработени, во Валандово имало 549, а во Крушево 958 невработени.

Но, граѓаните кои живеат во Дебар, се сложуваат дека можностите за вработување не се како во Скопје, но велат дека и луѓето се апатични кога е во прашање барањето работа.

„Може да најде работа тој што сака да работи, за другите џабе е. Работа во Дебар може да се најде во приватен сектор, претежно со занает. Луѓето не сакаат да работат, се селат и тоа најчесто во Америка. Дебар ако денес има 8.000 жители, сигурно има двојно повеќе што се заминати во Америка. И јас имав можност да заминам, но ете останав, иако заработката овде е помала“, вели Екерим З. жител на Дебар.

Невработените се демотивирани поради малите плати.

„Работа има, но и помладите и постарите се пребирливи, откако се покачи социјалната помош се откажуваат од работа која е ниско платена. Платите се ниски тоа е факт, треба да се повисоки, но државата треба да ги заштити работодавците од неработниците кои се научени да се пријавуваат за да земаат социјална помош. Јас често пуштам огласи, барам општи работници, но имам проблем да ги најдам или доколку некој дојде да работи, по месец дена се откажува. Има и иселување и тоа во Германија, Словенија, Италија“, изјави сопственик на локална фирма.

Дел од дебрани сметаат дека во градот има само физичка работа, додека за луѓето со високо образование соодветни работни места нема. Иако не се многу, сепак има и жители на Дебар кои работеле по странство, а потоа се вратиле во родниот град и самите си отвориле дуќани за да си обезбедат егзистенција. 

Сања Атанасовска

фото Википедија

Можеби ќе ве интересира

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети