ВО ОВОЈ СРПСКИ ГРАД: Секој втор е заразен со корона
Објавено во: Балкан 22 Ноември, 2020
Денес во Србија се регистрирани нови 4.995 случаи на корона. Загрижува фактот што е регистриран најголем број на смртни случаи, па 31 лице ја загуби борбата со короната. Најкритична состојба е, сега традиционално, во Белград, каде се евидентирани 1.876 новоинфицирани лица, но во другите градови низ земјата, состојбата е критична.
Во Куршумлија, од 40 испитани лица во саботата, дури 20 биле позитивни на вирусот корона, или 50 проценти.
Како што беше објавено на порталот Куршумлија.орг, тоа го потврди и директорот на Здравствениот дом во Куршумлија, Уранија Петровиќ.
По главниот град, најголем број позитиви е регистриран во Нови Сад (228), а трет на оваа неславна листа е Крагуевац со 185 заразени лица, пренесуваат медиумите.