Добивај вести на Viber
Полицијата во Подгорица во населбата Рогами, заплени 30 кг хероин и ги уапси Иван Вучиниќ и Милан Вујановиќ.
Дрогата е најдена во куќа во близина на печатницата Дан. Десетина инспектори и полицајци беа на терен, ги претресоа објектите на Вучиниќ, а користеа и кучиња трагачи.
При претресот се најдени пушки, пиштоли, хеклери и бомби.
Вујановиќ е апсен и во 2012 година за слично дело и оттогаш и е познат на полицијата.