05 Декември, 2025
0.0567

Во Пробиштип ќе се градат 11 мали хидроцентрали

Објавено во: Македонија 01 Август, 2013 13:50

Добивај вести на Viber

Во Пробиштип почна изградбата на малата Хидроцентрала „ Ештерец", која треба да биде готова до почетокот на февруари наредната година. Инвестицијата е 1,2 милони евра, а ќе произведува 1,3 гигават часови. Ќе ја гради компанијата „Елите хидро" кои веќе имаат добиено три концесии за изградба на вакви хидроцентрали.

Ова е втора мала хидроцентрала што се гради во Пробиштип, владата доделила 3 концесии, а мали хидроцентрали ќе гради и Злетовица,. Градбата на овие 8 хидроцентрали треба да почне од наредната година бидејќи средствата и за втората фаза за наводнување и за третата фаза за производство на електрична енергија се веќе обезбедени.

Првата фаза тешка 80 милиони долари ја финансираше јапонската Влада. Втората и третата ги финансира Европската банка за обнова и развој. Во доделените 40 милиони евра вклучена е и ставката за градба на спомнатите мини хидроцентрали, чиј старт е закажан за наредната година.

Во зависност од конфигурацијата на  теренот, изгледот и формата на хидроцентралите нема да го имаат класичниот изглед.

„Оваа и останатите мини хидроцентрали ќе бидат градба од таканаречен бочен тип. Тоа значи само преградување на речното корито. Тоа пак значи дека нема трошење на дополнителни пари за градба на тело на брана, и формирање на вештачка акумулација, односно езеро. Со тоа не се нарушува првобитниот изглед на животната средина. Машинската зграда ќе е лоцирана непосредно пред вливот на Ештерска во Злетовска река, и ќе биде со корисна површина од 120 метри квадратни со висина од осум метри, значи мал објект каде ќе е сместена техничката опрема за производство на електрична енергија, објасни Горан Умети“, кажа преставник на скопската компанија Елите Хидро, концесионер и изведувач на градежните работи, пренесе „Канал 5“.

Со тоа, овој реон, кој до пред извесно време важеше за еден од насушните делови на Македонија, а на кој живеат над 200 илјади жители во шест општини, за наредниот половина век го симнува овој горлив проблем. Во истовреме, се решава уште еден – редовноста во снабдување на електрична енергија. Освен тоа, проблем ке немаат и земјоделците. Системот обезбедува редовно водоснабдување на 6000 хектари плодна почва.

 

 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите