29 Септември, 2024
0.0385

ВО ПАРТИЈАТА ДА ОБЕДИНУВА, ВО ВЛАДАТА ДА ЈА ЗГОЛЕМИ ЕФИКАСНОСТА - што мора да направи новиот лидер на СДСМ и иден премиер Димитар Ковачевски

Објавено во: Македонија 14 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Кој правец ќе го фати најголемата владејачка партија, откако синоќа Димитар Ковачевски и формално застана на чело на социјалдемократите, а многу скоро се очекува да го замени Зоран Заев и на премиерската позиција на Илинденска број два? Дали новиот лидер ќе практикува поинаков тип на водство од тоа на Заев и како ќе ги менаџира меѓукоалицските односи?

Од она што го слушнавме од самиот Ковачевски по неговиот избор, може да се извлече заклучок дека неговото работење во партијата и во Владата ќе се потпира на три до четири столба.

Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу за Фактор вели дека кога станува збор за тоа во која насока сега ќе се движи СДСМ, видливо е дека Ковачевски неколку пати споменува дека ќе се работи на засилување на сплотеноста во партијата. Тоа, според Муслиу, е и сосема очекувано, откако на локалните избори стана јасно дека оваа партија имаше проблеми со излезноста на своето членство, односно токму тие беа оние што не излегоа на гласање.

„На локалните избори ние видовме дека не се зголеми бројот на гласачите кај ВМРО-ДПМНЕ, туку се намали бројот на гласачите на СДСМ, тие беа оние што не излегоа на изборите. Тоа говори дека Ковачевски ќе мора да поработи на тие членови, на тоа како да се задоволат интересите на тие луѓе, бидејќи, на крајот од денот, партијата е збир на различни интересни групи кои мора добро да се менаџираат, да се сплотат нивните интереси. Практично, СДСМ треба да се консолидира после поразот на последните локални избори“, објаснува Муслиу.

Тој очекува дека новиот лидер на СДСМ ќе почне со внатрешно уредување на партијата, и дека ќе направи сигурно одредени промени во раководството, што впрочем беше и најавено во неговиот говор после освојувањето на победата.

„Впрочем, Ковачевски за тоа има и целосен легитимитет од членството, бидејќи тоа е вториот претседател во СДСМ кој е избран на директни избори, така што тој има целосна слобода да прави промени. Практично, сметам дека според тоа какви ќе бидат промените во партијата, ќе видиме и колку ќе бидат сериозни промените и во Владата“, вели Муслиу.

Тој очекува дека промени се можни во делот на потпретседателите, генералниот секретар, во Централниот одбор, каде Ковачевски најави дека ќе доокоптира членови на негов предлог...

„Она што исто така е симптоматично, е дека Ковачевски му се заблагодари на Заев, и го повика секогаш да даде совети за партијата, дека му е отворена вратата. Тоа покажува дека Заев секогаш ќе биде добредојден во партијата, кон него ќе има пријателска атмосфера, без моглед какви се коментари тоа можеби ќе предизвика во јавноста“, смета Муслиу.

Кога станува збор за Владата, се очекува Ковачевски да нема проблеми во коалиционите односи. Тој учествуваше во преговорите на Заев со Алтернатива, а исто така, тој, како заменик министер за финансии, практично ги познава членовите на Владата. Не се очекуваат ниту недоразбирања со коалицискиот партнер ДУИ, кои позитивно ги прифатија сите промени, впрочем се откажаа и од директорското место во МЕПСО.

Иако, треба да се има предвид дека тој сега не ни може да претстави некоја своја владина програма, бидејќи таа Влада е веќе избрана и практично добила на претходните парламенарни избори врз база на нејзината програма која им ја понудила на гласачите, што значи дек во тој дел не би можеле да се очекуваат некои големи промени.

„Една од работите на кои Ковачевски инсистира е дека треба да има зголемена ефикасност во Владата. И за тоа да се случи, нормално е да има промена на одредени министри. Ова и дотолку повеќе што во СДСМ велат дека ја примиле пораката од локалните избори, а доколку е така, сосема е нормално да се очекуваат промени во одредени ресори“, објаснува овој политички аналитичар.

Муслиу додава дека во Владата, реално, во последниве две години владееше некоординираност, неефикасност, лош ПР кај одредени министерства.

„Оваа Влада планира да остане до крајот на мандатот, тој да се истурка докрај, а практично тоа беше и еден од условите што ги постави Алтернатива за да влезе во владиното мнозинство. Од тие причини, доколку планираат да останат да владеат и да не се оди на парламентарно мнозинство, Владата ќе мора да ја зголеми ефикасноста, бидејќи ќе мора и да му опонира на ВМРО-ДПМНЕ, и да биде поконкурентна од нив, особено доколку планира и да победи на следните парламентарни избори“, потенцира Муслиу.

Но, според него, се ќе зависи од тоа како оваа Влада ќе се справи со наредниот бран на ковид, со енергетската криза, но и од она што ќе ни биде речено во Брисел на 16 декември, во врска со датумот на одржувањето на меѓувладината конференција, и како сето тоа ќе ни биде соопштено.

Нина Нинеска-Фиданоска 

Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“