ВО РЕГИОНОТ: Ова е земја на празни станови
Објавено во: Економија 20 Септември, 2025 12:00
Помеѓу 80 и 90 проценти од хрватските домаќинства живеат во сопствени имоти.
Кога данокот на имот беше воведен на почетокот на оваа година, еден од главните аргументи на Владата на Хрватска беа зачудувачките податоци од последниот попис на населението дека во Хрватска има дури 600 илјади празни станови, не сметајќи ги оние што се користат за одмор. Не целата оваа огромна количина недвижен имот е погодна за живеење. Но, таа бројка е сепак огромна. Огромна е затоа што Хрватска е мала земја со малку население, чиј број постојано се намалува, па затоа оваа прекумерна количина станови со мноштво новоизградени е збунувачка. Статистичките податоци велат дека секој четврти стан наменет за живеење е ненаселен.
И додека помеѓу двата пописи на населението, во 2011 и 2021 година, бројот на населени станови се намалил - што во голема мера се објаснува со емиграцијата на околу 400 илјади луѓе во странство - бројот на новоизградени станови се зголемил.
Покрај тоа, поседувањето сопствен стан е важен статусен симбол за многумина, а „имањето стан во Загреб“ или некаде на брегот се смета за знак на успех и егзистенцијално исполнување. Недвижностите се купуваат и затоа што многу луѓе овде се сомничави кон државата и недоверливи кон пазарот на капитал - некои поради финансиско незнаење, а некои поради искуство од претходни кризи - и веруваат дека е подобро да се инвестира во квадратни метри отколку во акции или нешто друго.foto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




