Добивај вести на Viber
Министерот за образование и наука Панче Кралев, градоначалниците на Град Скопје и на општина Сарај Коце Трајановски и Беким Мурати денеска ја посетија локацијата на која ќе се гради ново средно училиште.
Новото средно училиште ќе биде од тврда градба со вкупна површина од 2.020 метри квадратни, со приземје, кат, подрумски површини и сопствен систем за греење.
Во објектот на училиштето ќе се изведува настава на албански јазик за 600 ученици, кои ќе изучуваат повеќе струки: , економска, правна, медицинска, а доколку има заинтересираност ќе се воведе и гимназиска насока.
Изградбата на објектот се очекува да почне за еден месец, а училиштето да биде готово за две до три години. Парите за изградба се обезбедени од буџетот на Министерството за образование и наука, а средствата за покривање на трошоците за комуналии ќе се издвојат од буџетот на Град Скопје.