Во Штип легализирани вкупно 3.361 дивоградби
Објавено во: Македонија 11 Март, 2013
Решенија за легализација на дивоградби, доградби и надградби денеска добија 200 граѓани на Штип.Со овие 200 решенија Општина Штип досега издаде 3.361 решение за легализација на бесправно изградените објекти, информираат од општината.
Лазар Хаџи-Николов од Одделението за урбанизам при Општина Штип вели дека со свеченото доделување на решенијата сакаат да упатат апел до над 5.000 граѓани кои се уште ги немаат докомплетирано своето барање.
„.Со свеченото доделување сакаме да упатиме апел граѓаните да побрзаат со доставувањето на геодетскиот елаборат“, вели Хаџи-Николов.
Во постапка се 1.700 бесправно изградени објекти со комплетирана документација. Граѓаните се задоволни што Владата донесе закон за легализирање на нивните куќи,доградби и надградби на станови, бидејќи со овие решенија имаат сопственост над објектот. Во Штип има над 10 500 дивоградби. Согласно законот до август 2014 година сите граѓани треба да го поднесат геодетскиот елаборат, во спротивно нема да им се легализира бесправно изградениот објект, доградба или надградба