Во што ќе се претвори родната куќа на Хитлер?

Објавено во: Свет 25 Мај, 2023
Австриските власти одлучија што ќе прават со родната куќа на Хитлер.
Родната куќа на Адолф Хитлер во австриското гратче Браунау ам Ин ќе биде полициска станица и образовен центар каде идните полицајци ќе бидат подучувани на темата човекови права, јавуваат денес австриските и германските медиуми. Уредувањето на зградата и пренамената во полициска станица би требало да почне есенва и да заврши во 2025 година. Тоа ќе чини 20 милиони евра. Комисијата драстичниот пораст на цената со почетно проценетите пет милиони евра го објаснила со порастот на цените по пандемијата и дополнителните градежни зафати кои ги бара полициската станица.
„Уривање или музеј не доаѓа предвид. Полициска станица и образовен центар за полицајци е соодветна намена која ја покрива моралната, политичката и правната димензија на ова место“, изјави историчарот Оливер Ратколб.
Тој од експертската комисија која се занимавала со прашањето за намената на зградата во која во 1889 година бил роден идниот германски диктатор Адолф Хитлер.
Хитлер со своето семејство таму живеел само неколку месеци по раѓањето. Зградата во центарот на Браунау ам Ин, кое се наоѓа на самата граница со Германија, од 2017 година е во сопственост на државата.
Куќата ѝ била одземеа на претходната сопственичка по повеќето неуспешни обиди за откуп. Национализацијата на зградата, како што беше тогаш соопштено, требаше да спречи зградата да стане место на собирање на неонацистите. Со години во зградата се наоѓал центар за лица со посебни потреби. На крајот на судскиот процес поранешната сопственичка сепак се согласила на откупна цена од 1,5 милиони евра.
Одлуката во родната куќа на Адолф Хитлер да се сместат полициска станица и центар за обука на полицајци наиде на критики во јавноста. Во едно истражување на јавното мислење повеќето анкетирани сакале во куќата да се отвори некаков вид на меморијален центар кој би се соочувал со темата на националсоцијализмот. Четвртина од анкетираните се изјасниле дека зградата треба да се урне.
Комисијата го отфрлила уривањето како варијанта објаснувајќи дека таквиот чин во светот би можел да се протолкува како „бегање на Австрија од сопствената одговорност“.
„Куќата ќе стане дом за најбројната австриска институција за заштита на човековите права, а тоа е полицијата“, кажа членот на комисијата Херман Фајнер за ОРФ.
Според мислењето на членовите на комисијата, решението за стационирање и школување полицајци има и „безбедносен аспект“ сметајќи дека пред полициска станица нема да се собираат следбениците на нацистичкиот диктатор.
Каменот со натписот „За мир, слобода и демократија – никогаш повеќе фашизам – милионите мртви предупредуваат“ треба да остане на истото место и по пренаменувањето. Во минатото имаше обиди да се докаже дека Хитлер не бил роден во Браунау, туку од другата страна на реката во германското гратче Симбах ам Ин каде таткото на Хитлер Алојз работел како царински службеник. Еден германски историчар тврдеше дека има докази дека Хитлер бил роден во Симбах каде неговата мајка на својот сопруг му носела вечера на работното место.
foto EPAМожеби ќе ве интересира
НОВА ДРОГА НА УЛИЦИТЕ: Поопасна е од хероин, на корисниците им се распаѓа ткивото
БРЕГЗИТ НЕ МУ ПОМОГНА НА ЛОНДОН, НИКОГАШ НЕМАЛО ПОВЕЌЕ НОВИ ИМИГРАНТИ: Балканската рута повторно најкритична

КАКО ИЗГЛЕДА ЗАТВОРСКИОТ ДЕН НА МИЛИЈАРДЕРКАТА ОД СИЛИКОНСКАТА ДОЛИНА: Холмс станува во 6.00 и има саатнина од 0,12 долари, вака цели 11 години

ДЕТАЛНА ЛЕТНА ПРОГНОЗА ЗА ЦЕЛА ЕВРОПА, БАЛКАНОТ ПОД ГОЛЕМ РИЗИК ОД ПОПЛАВИ: Скандинавија ќе ја зафатат пожари
ОД 200 СЕГА СЕ САМО 12 СИМПТОМИ НА ДОЛГ КОВИД: Објавена е нова научна студија
Макрон ги искара властите во Приштина, потпишаа договор, ама не го почитуваат

Австралиски вулкан во близина на Антарктикот исфрла лава

НАТО испраќа 700 војници на Косово и ќе прати уште ако има потреба

УКРАИНА ТВРДИ: Во секое време знаеме каде се Путин и Пригожин
