01 Јули, 2024
0.0285

ВО ШТО СЕ КРИЕ ТАЈНАТА - како успеа „Фершпед“ да го зголеми чистиот профит за 34 отсто со пониски оперативни приходи

Објавено во: Економија 01 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Намалени оперативни приходи, а зголемена добивка. Шпедитерската компанија „Фершепд“ го објави финансискиот резултат за првите девет месеци од годинава, кој говори дека во таа временска отсечка компанијата остварила профит од 1,6 милиони евра, што е зголемување за 34 отсто во однос на истиот период лани.

Имено, Билансот на успех на таа компанија говори дека оперативните приходи се малку намалени во однос на истиот период лани, исто како и оперативните расходи, но добивката е значајно зголемена, за повеќе од една третина.

Во што се крие тајната, открива Билансот на успех кој компанијата го има испратено до инвеститорската јавност преку Македонската берза.

Имено, во првите три квартали од годинава „Фершепд“ има остварено оперативни приходи на сума од близу 55 милиони евра или прецизно 54,8 милиони евра. Во однос на истиот период лани тоа е намалување за 3 проценти, што значи само мало снижување на оперативната приходна страна, која всушност го покажува движењето кај основната дејност од работењето.

Најголем дел од приходите се приходи од продажба, од што се инкасирани 54,5 милиони евра што е намналување за 4 отсто.

Приходите од продажба на домашниот пазар на компанијата и донеле 53,3 милиони евра, што е намалување за два отсто во однос на ланските девет месеци.

А, значаен пад има кај приходите од продажба на странскиот пазар, кои и онака се многу пониски и во првите девет месеци од годинава биле на ниво од 1,2 милиони евра, што во однос на истиот период лани значи преполовување, или намалување за 43 проценти.

Останатите оперативни приходи опфаќаат многу мал дел, или 334 илјади евра, но кај нив има огромен пораст од над 200 проценти.

Оперативните расходи на „Фершпед“ се пак, исто така намалени, за 4 проценти, а биле на ниво од 53,2 милиони евра.

Трошоците за вработените се зголемени за 4 отсто, а останатите приходи од работењето за 47 проценти.

Или, оперативната добивка остварена во период јануари-септември 2023 година изнесува 1,63 милиони евра, што е зголемување за 26 отсто во однос на добивката во 2022 година истиот период.

Финансиските приходи на компанијата се многу ниски, 99 илјади евра, но бивниот пораст во однос на лани е за 77 отсто, додека, пак, финансиските расходи се намаленио за 76 проценти.

Сето тоа резултирало со нето добивка од 1,6 милиони евра, што е зголемувањее за 34 проценти во однос на истиот период лани.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Се огласи министерката Божиновска: Повеќе немам бугарски пасош и затоа не го пријавив

Се огласи министерката Божиновска: Повеќе немам бугарски пасош и затоа не го пријавив

„Економист“: Украина за еден месец ќе треба да плати долг, а нема пари

„Економист“: Украина за еден месец ќе треба да плати долг, а нема пари

Елена Петрова ја презеде директорската функција во УЈП

Елена Петрова ја презеде директорската функција во УЈП

Бобан Николовски седна во фотелјата на Царинска управа

Бобан Николовски седна во фотелјата на Царинска управа

Мицкоски: Се подготвува нов Закон за игри на среќа

Мицкоски: Се подготвува нов Закон за игри на среќа

„Алкалоид“ забрзано го освојува пазарот во Романија: интервју за тамошниот „Бизнис Магазин“ ги открива плановите за развој

„Алкалоид“ забрзано го освојува пазарот во Романија: интервју за тамошниот „Бизнис Магазин“ ги открива плановите за развој

БРОЈОТ НА РАБОТНИЦИТЕ ВО ИНДУСТРИЈАТА БЛАГО ПОРАСНАЛ - еве во кој сектор има најмногу новоангажирани

БРОЈОТ НА РАБОТНИЦИТЕ ВО ИНДУСТРИЈАТА БЛАГО ПОРАСНАЛ - еве во кој сектор има најмногу новоангажирани

МИЛИОНИ ЛУЃЕ ОД ДЕНЕС ОЧЕКУВААТ ПОВЕЌЕ ПАРИ НА СМЕТКИТЕ - еве за какво зголемување се работи и кој може да добие и дополнителни евра

МИЛИОНИ ЛУЃЕ ОД ДЕНЕС ОЧЕКУВААТ ПОВЕЌЕ ПАРИ НА СМЕТКИТЕ - еве за какво зголемување се работи и кој може да добие и дополнителни евра

ВОЗАЧИ НА БЕНЗИНИ, ОВА Е ИНФОРМАЦИЈА ЗА ВАС: Од ноќеска поскапува Еуросупер БС 95, еве која е новата цена

ВОЗАЧИ НА БЕНЗИНИ, ОВА Е ИНФОРМАЦИЈА ЗА ВАС: Од ноќеска поскапува Еуросупер БС 95, еве која е новата цена