03 Јули, 2024
0.0291

„Алкалоид“ забрзано го освојува пазарот во Романија: интервју за тамошниот „Бизнис Магазин“ ги открива плановите за развој

Објавено во: Економија 01 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Македонскиот производител на лекови „Алкалоид“, кој во последните пет години забележа просечна стапка на раст од над 12 проценти, отвори капитално поврзано друштво во Романија за зајакнување на својата позиција на локално ниво. 

Заради одржување на темпото на раст, компанијата, која е присутна речиси во 50 земји, цели кон глобална експанзија. Пазарот во Романија се смета за стратешки, а локалното работење во првата година достигна пораст на продажбата од 66 отсто. „Алкалоид“ пласира околу 20 производи на романскиот пазар, од речиси 250 производи од портфолиото на фармацевтската компанија. За плановите за понатамошен развој на пазарот во Романија во специјално интервју за тамошниот магазин „Бизнис“ зборува Живко Мукаетов, Генерален директор и Претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје.

Во интервју за магазинот, Мукаетов се осврна на почетоците на компанијата, на нејзиниот успех. Посочи дека пчетоците на „Алкалоид“ датираат од август 1936 година кога во Скопје е отворен еден од првите капацитети за преработка на алкалоиди. 

„Од само два погона со 15 работници, денес, 88 години подоцна, ’Алкалоид’ достигна приближно 80.000 квадратни метри производствени капацитети, близу 3.000 вработени во седиштето во Скопје и 22 капитално поврзани друштва лоцирани во 15 земји во светот“, вели Мукаетов.

Тој истакна дека деловниот успех на „Алкалоид“ е резултат на квалитетот на производите, на вработените во компанијата, на брендот „Алкалиод“ и на индивидуалните брендови.

- Константа во долгогодишната историја на „Алкалоид“ се инвестициите. Во последните петнаесет години компанијата издвои речиси 220 милиони евра насочени кон изградба на нови фармацевтски единици, зголемување на капацитетите за истражување и развој, инсталирање најсовремена опрема, лаборатории, технологии, софтвер и добро обучен кадар. 

Денес „Алкалоид“ пласира повеќе од 70 отсто од своето производство во речиси 50 земји во светот. Глобалните трендови во фармацевтската, хемиската, билната и во козметичката индустрија се применети во нашето секојдневно работење, а нашето придржување до најстрогите стандарди за добра производствена пракса го потврдуваат реномирани авторитети - нагласува Мукаетов. 

Потоа првиот човек на „Алкалоид“ напоменува дека во една динамична индустрија каква што е фармацевтската, пласманите, вообичаено, одговараат на инвестициите, вештините и на знаењето, кои во последните две децении строго ги насочиле кон глобално позиционирање на брендот. 

- Важна стратешка гледна точка во нашата глобална мапа е Романија. На овој пазар, откако бевме присутни во последните години, во 2022 година регистриравме сопствена компанија во Букурешт. Таму портфолиото на „Алкалоид“ се состои од повеќе фармацевтски производи и од производи за хемодијализа. Наш врвен фармацевтски производ на овој пазар е антибиотикот Цефиксим (македонски Панцеф), регистриран со заштитниот знак Xifia во Романија, кој е меѓу петте најдобри брендови на антибиотици на романскиот пазар. Секој производ, секој бренд и секоја одлука на ’Алкалоид’, главно, се резултат на залагањата на луѓето пред сѐ. Нашата цел е да изградиме компанија од задоволни луѓе кои го вложуваат својот потенцијал во нашиот заеднички успех, бидејќи имиџот, вредностите, кредибилитетот и организациската култура на компанијата се рефлектираат преку нејзините луѓе - вели Мукаетов.

Тој додава дека мисија на компанијата е да се диференцира преку знаење и преку развој на производи со додадена вредност, и потенцира дека ќе останат посветени на најважното во животот – ЗДРАВЈЕТО ПРЕД СЀ!

Во првите четири месеци од оваа година консолидираната продажба на пазарот во Романија била за 27 проценти поголема од истиот период минатата година. Групацијата моментално има 2.910 вработени, од кои 2.215 во земјава и 695 во нејзините подружници и претставништва во странство. Во моментов бизнис-моделот на „Алкалоид“ има цел да се прошири и на други пазари, што е еден од приоритетите на групацијата. 

FETTE_BILAYER_4

Години во позитива

„Алкалоид“ АД Скопје котира на Берзата од 2002 година и неговите акции се меѓу најтргуваните и најликвидните на Македонската берза. Просечната цена на акциите на „Алкалоид“ АД Скопје за 2023 година изнесува 289 евра, а во периодот јануари – март 2024 година просечната цена е 318 евра од акција, покажуваат податоците од компанијата. Сегашната пазарна капитализација на компанијата приближно изнесува 472 милиони евра.

На глобално ниво, во 2023 година „Алкалоид“ достигна консолидирана продажба од 268,3 милиони евра, што е за 16 проценти повеќе во однос на 2022 година. Најголем дел од вкупната консолидирана продажба има фармацевтскиот сегмент, со 90 отсто, а хемискиот и козметичкиот сегмент, како и ботаниката имаат раст од 10 проценти. Околу 70 отсто од вкупната продажба доаѓаат од извозот, а поделбата по региони покажува дека земјите од Југоисточна Европа учествуваат со 29 проценти во продажбите, 22 отсто од продажбите им припаѓаат на западноевропските земји, Источна Европа учествува со 17 проценти, додека, пак, другите пазари претставуваат 1 отсто од вкупната консолидирана продажба. Вкупниот консолидиран извоз на компанијата се зголеми за 17 проценти, а Романија беше една од земјите со најголем раст на продажбата во 2023 година, поточно 66 отсто зголемување на консолидираната продажба во споредба со 2022 година. Во 2023 година романската подружница на „Алкалоид“ придонесе со речиси 10,4 милиони евра во консолидираната нето-продажба.

Во првиот квартал од тековната година групацијата го продолжи трендот на раст достигнувајќи консолидирана продажба од 79,9 милиони евра, што е за 13% повеќе во однос на истиот период лани. Продажбата во Романија повторно е меѓу оние со најголем раст и бележи зголемување од 27 отсто во однос на истиот период минатата година.

GLATT_2

Влог во инвестиции

„Во последните пет години компанијата реализираше инвестиции во вредност поголема од 220 милиони евра“, вели претставникот на „Алкалоид“, кој додава дека групацијата е присутна во 13 земји од регионот, но најголемите инвестиции се насочени кон Македонија бидејќи таму се наоѓаат речиси сите производствени линии.

„Алкалоид“ АД Скопје неодамна ја заврши најважната инвестиција во последните две децении, во вредност од 19,4 милиони евра, која има цел зголемување на производствените капацитети. Проектот беше насочен кон развој на производствена единица за цврсти фармацевтски форми, именувана „Tablet Department 2.0“, заедно со соодветната техничка инфраструктура. Новата техничко-технолошка инфраструктура, дизајнирана за да го зголеми обемот на производството и за да ја зголеми флексибилноста на производството на цврсти фармацевтски форми, опфаќа 6.200 квадратни метри, вклучувајќи ги и производствените и техничките капацитети. „Во последните 15 години реализиравме различни инвестициски зафати во вкупна вредност од 220 милиони евра, а имаме намера да продолжиме на оваа траекторија и во иднина. Како признание за нашите инвестициски напори од 2018 до 2022 година, во вкупна вредност од 104,1 милиони евра, Инвестицискиот форум, составен од 6 стопански комори од земјите на Западен Балкан (WB6CIF), во 2023 година го назначи ’Алкалоид’ за најголем инвеститор од Западен Балкан.“

Две децении раст

Компанијата ја зголеми својата консолидирана продажба од приближно 53 милиони евра во 2005 година на 268,3 милиони евра во 2023 година. Во текот на изминатите пет години компанијата имаше просечна годишна стапка на раст од 12,4 отсто .

so_grafik

Во последните години „Алкалоид“ се вклучи во процесот на редизајнирање на постојните генерички фармацевтски производи за нови индикации. Целта беше да се развијат лекови со додадена вредност, кои се однесуваат на третманот и кои ги задоволуваат потребите на поединци или на одредени групи пациенти. „Стратешките инвестиции насочени кон модернизирање на портфолиото на производи доведоа до успешен развој на првиот патентиран лек со додадена вредност од портфолиото на ’Алкалоид’. Овој лек првенствено е создаден за лекување рефлуксен езофагитис и гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ). Инхибиторите на протонската пумпа, вклучувајќи го и Омепразолот, се лекови од избор за лекување рефлуксен езофагитис и ГЕРБ“, објаснуваат од „Алкалоид“. Овие лекови обично се достапни во форма на таблети и на гастроотпорни капсули, како и во форма на прашок за растворање.

- Со својот револуционерен пробив, ’Алкалоид’ за првпат во историјата разви течен Омепразол подготвен за употреба. Новитетот кај овој производ се состои во вклучувањето две посебни решенија во пакување со две комори. По отворањето овие раствори автоматски се мешаат за да го формираат течниот Омепразол подготвен за употреба. Првите овластувања за ставање во промет на овој лек беа доделени за македонскиот и за британскиот пазар. „Во тек се процесите на регистрација за европските земји, а моментално сме во фаза на национална регистрација во Романија, каде што би сакале на пациентите да им го ставиме на располагање лекот до крајот на годината - заклучува претставникот на „Алкалоид“.

Многу повеќе на темата може да прочитате на веб странaта на Алкалиод.

Можеби ќе ве интересира

ЗК „Пелагонија“ на слатки маки! Што ќе направи со 8,2 милиони евра добивка?

ЗК „Пелагонија“ на слатки маки! Што ќе направи со 8,2 милиони евра добивка?

ПОЗНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА ОД ХРВАТСКА ЗАВРШИ ВО СТЕЧАЈ - не можат да вратат околу 100 илјади евра, сите работници останаа без работа

ПОЗНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА ОД ХРВАТСКА ЗАВРШИ ВО СТЕЧАЈ - не можат да вратат околу 100 илјади евра, сите работници останаа без работа

ОЧАЈ ВО БЕРЛИН, ГЕРМАНСКИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ ЈА МОЛАТ ЕУ: Откажете се од царинскиот удар врз Кина

ОЧАЈ ВО БЕРЛИН, ГЕРМАНСКИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ ЈА МОЛАТ ЕУ: Откажете се од царинскиот удар врз Кина

Што работел Коце Трајановски изминатите години пред да стане директор на „Државни патишта“?

Што работел Коце Трајановски изминатите години пред да стане директор на „Државни патишта“?

Кинески модел е на врвот на продажбата на автомобили во Израел во 2024

Кинески модел е на врвот на продажбата на автомобили во Израел во 2024

Константинос Николау – главен извршен директор на УСЈЕ: Остануваме фокусирани на развојот на компанијата и заедницата

Константинос Николау – главен извршен директор на УСЈЕ: Остануваме фокусирани на развојот на компанијата и заедницата

КОЈ Е СТРАНСКИОТ ИНВЕСТИТОР ШТО ТОНЕ ВО ЗАГУБИ, А СЕГА САКА ДА ИЗДАДЕ АКЦИИ ЗА 2,5 МИЛИОНИ ЕВРА - еве што се случува во друштвото кое произведува сопирачки за возови

КОЈ Е СТРАНСКИОТ ИНВЕСТИТОР ШТО ТОНЕ ВО ЗАГУБИ, А СЕГА САКА ДА ИЗДАДЕ АКЦИИ ЗА 2,5 МИЛИОНИ ЕВРА - еве што се случува во друштвото кое произведува сопирачки за возови

ОСТВАРИЛЕ ПРИХОДИ, АМА ГИ ЗГОЛЕМИЛЕ И ПЛАТИТЕ – извештајот на МАПАС открива како сработиле минатата година

ОСТВАРИЛЕ ПРИХОДИ, АМА ГИ ЗГОЛЕМИЛЕ И ПЛАТИТЕ – извештајот на МАПАС открива како сработиле минатата година

СРПСКИ МЕДИУМ ПОСЕТИ МАРКЕТ ВО СКОПЈЕ: Вакви цени во Белград се незамисливи

СРПСКИ МЕДИУМ ПОСЕТИ МАРКЕТ ВО СКОПЈЕ: Вакви цени во Белград се незамисливи