Во Сирија беснее војна, но сопругата на Асад ужива во раскош
Објавено во: Стил 16 Април, 2018 21:21
На Instagram профилот на првата дама на Сирија, Асма Ал Асад има снимки од претседателската палата, скапа гардероба и егзотични патувања, а во земјата веќе седум години има граѓанска војна.
Таа и Башар ал Асад заедно со трите деца живеат богато и спокојно како и пред почетокот на војната.
„Првата дама на пеколот“ како што ја нарекуваат е родена во Велика Британија, а судејќи по фотографиите што ги објавува за нејзините 230.000 следбеници, никој не би рекол дека живее во Сирија.
Кога таа се омажи за Башар во 2000 година, а народот ја нарекуваше „принцезата Дијана на Блискиот Исток“.
Мислењето за Асма почна да се менува во 2012 година кога во документите што ги објави Викиликс беше откриено дека дала 350.000 долари за 130 нови парчиња мебел во време кога во земјата веќе неколку години имаше крвава граѓанска војна.
Таа купила чифт чевли со кристални потпетици вредни 7.000 долари и барала да бидат пратени преку Дубаи за да ги избегне санкциите што веќе ѝ беа наметнати на Сирија.
Асма ал Асад е родена во 1975 година во Лондон. Нејзините родители се суни муслимани со потекло од Хомс. Завршила на Кралскиот колеџ и има дипломи за информатика и француска книжевност. Работела во банкарската индустрија, а најистакната функција имала во „Дојче банк“ како аналитичар за хеџ фондови.
Асма се омажи со Башар кога тој имаше 35, а таа 25 години, при што имаа тајна венчавка.
Можеби ќе ве интересира
Тивки херои го накитија Водно: Внесоа празнична магија во природата
Се отвораат казина на секој чекор, младите кои сакаат кино култура немаат каде да гледаат филмови: Скопје веќе 8 месеци е без градско кино
Сведоштво на Викторија Сребренова за трагедијата во „Пулс“: Заглавена во толпата со скршеници и изгореници, го слушав гласот што ме одржа жива, издржи, не предавај се
Лидија Ивановиќ како бебе била оставена до контејнер во Скопје: Денеска е остварена жена, но не знае од каде доаѓа - „Чувствувам дека сум Македонка“




