Во Скопје има 424 нови случаи на коронавирусот
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 12 Март, 2021
Во последните 24 часа во Скопје има 424 нови случаи на коронавирусот.
Починати се 5 пациенти од Скопје (86г, 81г, 72г, 71г, 64г), објави денеска Министерството за здравство. Во главниот град има 5.258 активни случаи на коронавирусот. Во Прилеп има 72 нови заразени, а бројот на активни е 792.
Досега во земјата се направени вкупно 559.021 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 111.077, бројката на оздравени пациенти е 96.925, на починати е 3.280, а бројот на активни случаи изнесува 10.872. Од средата во Македонија е на сила полициски час. Нема движење во период од 22 часот до 5 наутро.
foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.