Добивај вести на Viber
Општина Центар и ЈП Паркинзи на Општина Центар се во преговори со Агенцијата за енергетика за поставување на полначи за електрични возила и велосипеди на пет локации на најфрекфентните места во централното градско подрачје на Скопје, пишува порталот
Build.mk.
Повикувајќи се на информациите објавени на интернет страницата на Агенцијата за енергетика, порталот пишува дека првата локација на која ќе биде поставен полнач за електрични возила и велосипеди ќе биде монтажниот паркинг во Капиштец.
Преку спроведување на јавно – приватно партнерство со Општина Центар и ЈП Паркинзи на Општина Центар, заинтересираните инвеститори ќе можат да се вклучат во овој проект. Подетални информации за оваа идеја засега не се соопштуваат.