Во Скопје ќе биде тесно, ќе ја решат албанските партии
Објавено во: Анализа 10 Октомври, 2017 07:51
Партиите кои се тркаат за локалните избори веќе знаат во која општина имаат поголема поддршка, а каде шансите за победа им се помали па сосема разбирливо своите фокуси и напори ги насочуваат таму каде што им е најпотребно. Скопје како издвоена единица на локалната самоуправа ќе биде од исклучителна важност и за ВМРО-ДПМНЕ кои имаат зад себе два мандата со Коце Трајановски за кого се создаваше слика на вреден и посветен градоначалник. Сепак, растот на популарноста на СДСМ на последните парламентарни избори во Изборната единица 1 каде победија со 11:9 пратеници како и веќе одамна официјализираната коалиција со ДУИ му дава огромни шанси за победа на кандидатот Петре Шилегов кој ќе се обиде да ја смени власта и на локално ниво.

СДСМ неодамна го одржа својот централен митинг на кој демонстрираше елен, заедништво, енергија и сплотеност иако доби многу критики дека вакви мега митинзи веќе не се потребни и дека истите потсетувале на времето на Груевски во врвот на популизмот. Сеедно, потегот од политичка гледна точка им донесе многу повеќе бенефит, па дури успешно изведоа и носење поддржувачи од останатите градови низ Македонија.
Да не бидеме наивни, ништо помалку мегаломански нема да биде претстојниот централен митинг на ВМРО-ДПМНЕ кој на 13 петок ќе се одржи во Скопје, како последен обид да се затвори кампањата со силен впечаток и да се остават импресии кај симпатизерите и потенцијалните гласачи. Во повеќето анкети кои излегоа периодов од независните инстути за истражување се прогнозира дека најреално сценарио е да има втор круг на гласање за град Скопје бидејќи рејтингот на Петре Шилегов и Коце Трајановски е речиси изедначен.

Некои анкети му даваат блага предност на Шилегов со комбинираните гласови на СДСМ, коалицијата и ДУИ, како и на повеќето Македонци и Албанци. Коце Трајановски ја има традиционалната поддршка од повеќе скопски бастиони на ВМРО-ДПМНЕ, но прашање е дали ќе успее сите да ги убеди дека тој не се меша во дневните политики и дека главна преокупација му е напорната работа како градски татко.
Доколку дојде до втор круг што е реално сценарио тогаш шансите за победа ќе се зголемат за Шилегов токму поради официјалната коалиција и поддршка од ДУИ, додека пак потенцијалните партнери на Трајановски како гласачите на БЕСА не би имале голем мотив да излезат и да гласаат за него во вториот круг, но секако и за таа теорија треба да има простор за резерва бидејќи во политиката се е возможно.
Автор: Христијан Станоевиќ* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





