Во Скопје само за пензионери, во Талин бесплатен јавен превоз за сите-секој ден!
Објавено во: Економија 14 Јануари, 2013 15:40
Главниот град на Естонија, Талин е прв во Европската унија што има бесплатен јавен превоз за своите жители, јави агенцијата Танјуг. Користењето на целокупната автобуска и трамвајска градска мрежа е бесплатно, а најавено е воведување и на нови автобуси.
Како што објави градскиот совет на Талин, од воведувањето на бесплатниот превоз од Нова Година, значително е зголемен бројот на корисници на јавен превоз.
Властите на главниот град на Естонија за таков чекор се одлучиле бидејќи приходите од продажбата на билети покривале само третина од трошоците на јавниот превоз.
Скопската приказна Во Скопје од почетокот на 2010 година , јавниот превоз стана бесплатен само за пензионерите. Прво во вторник и петок, од пред лани и сабота е ден кога бесплатното возење важи за сите жени над 62 и мажи над 64 години. Поради бесплатниот превоз, беа намалени приходите на ЈСП, а Градот во 2010 го субвенционираше јавниот градски превоз со 60 милиони денари, додека во 2011 година им даде 120 милиони денари. Инаку само во текот на 2011 година, Јавното сообраќајно претпријатие регистрираше загуба од 813 илјади евра.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





