ВО СОПИШТЕ ЌЕ ИМА САМО ЕДЕН ОПОЗИЦИОНЕР: Ничовска е единствена од листата на СДСМ што влезе во советот
Објавено во: Македонија 21 Октомври, 2025 11:10
Елизабета Ничовска од редовите на СДСМ ќе биде единствениот опозициски советник во Општина Сопиште. Со освоени 248 гласови или 7,88 проценти, во советот не влезе ниту еден друг кандидат од советничката листа која ја предложи СДСМ.
Не влезе ниту еден советник од листата на НАИ - коалицијата која ја предводи ДУИ. За нив гласале 210 жители на општината, или 6,67 проценти.
Најголемиот број на советници, вкупно седум доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ, со освоени 1.690 гласови или 53,50 проценти. Зад нив, со тројца советници е коалицијата Влен, која освои 653 гласови или 20,75 отсто.
Сопиште е и општина во која ВМРО-ДПМНЕ оствари најубедлива победа, процентуално. За нивниот кандидат и избран градоначалник во првиот круг Јане Мицевски гласаа 2.542 жители или 80,20 отсто, додека противкандидатот од СДСМ, Звонко Васев освои 342 гласови или 10,78 проценти. Кандидатот на Родина Македонија, Васил Аиновски освои 40 гласови, односно 1,27 отсто.
На изборите во 2021 година, ВМРО-ДПМНЕ имаше шест советници, по двајца имаа СДСМ и ДУИ, а еден советник имаше Алијансата на Албанците.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





