Во Србија молат за берачи на малини, никој не сака да работи!
Објавено во: Балкан 16 Јуни, 2015 21:21
Произведувачите имаат мака да изнајмат сезонски работници, нудат дневници во просек до 2000 динари , и на повеќето работници им е обезбеден стан и храна, но ни тоа не е мотивација за работа на 40 степени Целзиусови.
„Бараваме работници неколку дена , по пат на огласи, но ни се јави само едно момче и ништо не се договоривме. Тогаш одлучивме по пат познаници и пријатели се обидуваме да најдеме кој сака да бере малини“, објаснува Анкица Жариќ од Иваница.
„И минатата година дававме добро дневници, биле од 2000 динари па нагоре. Единствено успеавме да најдеме неколку берачи и им дадовме можност да бираат, сакаа за дневница или од процент , на килограм наберени малини 35-40 динари. Секако дека сите работници користат паузи кога сонцето е силно, имаат освежување и се што е потребно. Храната и станот се обезбедени, раскажува таа.
На сите ни е јасно дека е тешко да се берат малини на високи температури, слични проблеми имаат и гардежниците, и сите оние кои имаат работа поврзана со отворен простор. Берењето на малини, сепак, е многу полесно од мешање бетон и асвалт, велат земјоделците.
Синоќа ме бараше пријател кој живее на село, се занимава со земјоделство и ги има истите проблеми. Моли да му помогнам како би нашол работници за берба. Вели, порано малини береа Бугари, сезонци, но повеќе не доаѓаат. Еве за неколку дена почнува берењето, а работници никаде не можеме да најдеме“, вели една жителка.
Иваничкиот крај има предност со површините под малини. Но ,проблемот е што нема кој да бере.
„Ги издавав малините на процент. Така повеќе им се исплати и мене и на нив. Тие берат кога им одговара, мени ми е важно да бидат наберени. Дојдат рано наутро, па паузираат, па навечер пак. Од друга страна, не губам време да спремам ручек, правам кафе, освежување и пак, не оди дневница под 2000 динари“, раскажуваат во семејството Саковиќ, кои со години живеат од земјоделството.
Во анкета на српски портал, двајца од четворица испитаници би се согласиле да берат малини за минимална дневница од 3000 динари, додека други двајца сметаат дека 2000 динари со сместување и храна е сосема доволно кога се земе моменталната економска состојба во земјата.
И фактор ги пренесуваше огласите дека во соседна Србија се бараат берачи за малини.
Ако ве интересираат може да ги прочитате подолу.
[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/06/10/se-baraat-berachi-na-malini-vo-sosedna-srbija/" target="blank" ]Се бараат берачи на малини во соседна Србија[/button]
[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/06/14/ushte-eden-oglas-potrebni-se-berachi-na-malini/" target="blank" ]Уште еден оглас: Потребни се берачи на малини[/button]
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација





