05 Декември, 2025
0.0359

Во Србија нова авиокомпанија без долгови

Објавено во: Балкан, Економија 22 Октомври, 2012 12:06

Добивај вести на Viber

Нова национална авиокомпанија ќе формира Владата на Србија  и ќе земе на лизинг 12 авиони „Ербас“, изјави денеска министерот за финансии и економија Млаѓан Динкиќ. - Планираме да создадеме нова авиокомпанија, која ќе нема долгови. Ние исто така ја обновуваме соработката со компанијата „Ербас“. Од неа ќе земеме на лизинг 12 нови авиони. Авиокомпанијата ќе добие кредитни гаранции од страна на државата во износ од 140 милиони долари, нагласи Динкиќ. Според него, главен нејзин партнер ќе стане големиот авиопревозник од Обединетите арапски емирати (ОАЕ) „Етихад Ервејз“, кој во замена за инвестициите ќе добие акции во српската авиокомпанија „ЈАТ Ервејз“. Тој додаде дека ОАЕ покажуваат интерес за економска соработка со Србија, најмногу за набавка на прехранбени производи. - За брзи и навремени испораки на овие производи е потребно постоење на современ логистички систем, кој ќе вклучува пристаниште на реката Дунав во градот Нови Сад и товарен терминал на белградскиот аеродром. Тоа ќе овозможи побрзо да се испорачува свежото овошје и зеленчук од Србија не само кон Емиратите, туку и на европскиот пазар, истакна Динкиќ.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени

ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени

Косово ќе отвори фабрика за муниција до крајот на 2026 година

Косово ќе отвори фабрика за муниција до крајот на 2026 година