Добивај вести на Viber
Електронското банкарство во Србија зема замав и во иднина се повеќе сметки ќе се плаќаат по пат на интернет, тврдат српските банкари.
Стручњаците велат дека младите генерации го прифаќаат електронското банакарство и тоа и понатаму ќе се развива. Прв пат лани според податоци на Народна банка Србија, поголем бил бројот на плаќања на интернет, отколку на банкарските шалтери. Моментално над 20.000 луѓе плаќаат на „клик“, а секој месец над 10% луѓе се пријавуваат за такво плаќање.
Како пример Србите ја наведуваат Чешка каде 70% од граѓаните плаќаат на интернет, и сакаат да ја достигнат таа бројка.