Добивај вести на Viber
Од следната недела секој вработен во Фондот ПИО ќе добие 325 евра за родено дете, износ колку што била просечната плата во Србија во јануари.
Со новиот договор вработените во ПИО ќе можат да сметаат и на подобра здравствена заштита.
„Вработените од оваа година ќе бидат осигурани за тешки болести, хируршки интервенции и трошоци за лечење. Дополнително ќе се одреди на кои се болести тоа се однесува. Исто така ќе имаме и систематски прегледи“- вели Јелена Цветковиќ, претседател на синдикатот во фондот ПИО.
По новиот договор, вработените ќе можат да покренат иницијатива за стручно усовршување. Тоа ќе зависи од финансиската моќ на работодавецот. Со новиот колективен договор, вработените ќе имаат правна сигурност.