05 Декември, 2025
0.0297

Во Србија живеат еден богаташ наспроти 41.000 сиромашни граѓани

Објавено во: Балкан 21 Февруари, 2013 10:52

Добивај вести на Viber

Дури два милиони луѓе во Србија едвај крпат крај со крај, а околу 700.000 од нив живеат на работ на сиромаштијата. Според експертите Македонија е на исто рамниште со оваа земја, додека останатите југословенски земји и по бројот на сиромашни граѓани и по висината на заработката се пред нив. Од друга страна, според податоците на даночната управа, во Србија има околу 20.000 богати граѓани. Сиромашните граѓани живеат со помалку од 8000 динари месечно, често немаат пари ни за основни прехрамбени производи, додека месото и колачите им се преголем луксуз. Во народните кујни се хранат околу 30.000 луѓе. Годишните примања на богаташите најчесто преминуваат и 20 милиони динари и одат до 193 милиони. Ултра богати граѓани во Србија според имот вреден 35 милиони динари моментално се седумнаесет. Тоа значи дека на 100 сиромашни има по еден богат граѓанин, односно на 41.000 најсиромашни по еден ултра богаташ. Експретите тврдат дека во Србија сепак живеат мал број богати граѓани, но затоа пак има премногу сиромашни. - Под границата на сиромаштијата живеат 9,2 одсто. Социјална помош земаат 234.980 луѓе, а детски додаток 386.485, изјавила Мирјана Максимовиќ член на владиниот тим за социјална помош и борбата против сиромаштија. Феномен во Европа Според проценките на овој тим детски додаток примаат повеќе од половина деца на кој тој им е потребен. Но прашањето е што можат да си дозволат со тие пари. Со оглед на тоа што месечниот додаток е само 2.449 динари, а се покачува до 3.184. Ни социјалната помош не е многу поголема-просечно 7.300 динари. Денес во Србија има 23,7 одсто невработени граѓани. Најзагрозени се старите жени, децата,Ромите, луѓето со инвалидитет и беглаците. Податоците на Асоцијата на слободниот и независен синдикат покажуваат дека 650.000 работници нередовно примаат заработка, милион се невработени, а 400.000 луѓе од почетокот на кризата останале без работа. Денес  во Србија  владее апсурден феномен каков што не постои во Европа Околу 150.000 луѓе формално се во работен однос, а платите им се помали од загаранитраниот минималец од околу 20.000 динари. Тие примаат по 12.000-13.000 динари месечно. Меѓутоа иако се практично на исто ниво како примачите на социјална помош тие немаат право на ваков вид на помош, бидејки се формално вработени, истакнуваат од ASNS.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии