26 Мај, 2024
0.0451

Во Струмица започнува судењето за четворицата загинати пилоти на МВР во хеликоптерската несреќа

Објавено во: Македонија 02 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Денеска во Основниот суд Струмица започнува судењето против „Македонска радиодифузија“, тогашната директорка на ова претпријатие и раководителот на секторот за заедничкја техника за хеликоптерската несреќа пред пет години кога загинаа искусните пилоти на МВР-Драган Мицев, Марјан Трајкoвиќ, Тоде Орешков и Иљо Лопатички при ноќен лет.

Ова го потврди потпаролката на Основниот суд во Струмица, судијката Цона Каламерникова, која наедно и ќе го суди ова дело.

Обвинетите се товарат за тешки дела против општата сигурност.откако хеликоптерот тип МИ17, со регистарски ознаки МАР 7712 во близина на Струмица удри во антенски столб на „Македонската радиодифузија“, а четворицата пилоти починаа веднаш.

Хеликоптерот произведен 2008 година на 10 јули 2014 леташе на релација Скопје-Велес-Неготино-Валандово-Струмица-Берово-Делчево и назад и била користена опрема за ноќно летање.

Очевидци од кобната ноќ тогаш тврдеа дека хеликоптерот удрил  со перките во 120 метарскиот антенски столб на Македонската радиодифузија и експлодирал кога паднал. Од она што беше досега познато од истрагата, антенскиот столб на Македонската радиодифузија во критичниот момент бил осветлен, хеликоптерот исправен, а лабораториските анализи и обдукцијата на телата на починатите, покажале дека пилотите биле подготвени за тренажен лет. Црните кутии не помогнале да се откријат причините за несреќата.



Можеби ќе ве интересира

ЈОВАНА МОЈСОСКА: Условно кажано, еден пратеник на Левица вреди 11.000, а на ДУИ 7.200 гласа, така нѐ краде изборниот модел

ЈОВАНА МОЈСОСКА: Условно кажано, еден пратеник на Левица вреди 11.000, а на ДУИ 7.200 гласа, така нѐ краде изборниот модел

„НАШИОТ БОРЕЦ БОШКО ВЕ ПОЗДРАВУВА СИТЕ, СÈ ПОБЛИСКУ СМЕ ДО ЦЕЛТА“ - д-р Лазаров со апел до хуманите граѓани

„НАШИОТ БОРЕЦ БОШКО ВЕ ПОЗДРАВУВА СИТЕ, СÈ ПОБЛИСКУ СМЕ ДО ЦЕЛТА“ - д-р Лазаров со апел до хуманите граѓани

Апасиев: Добро е за државата ДУИ да оди во опозиција, но овие кои доаѓаат се уште полоши

Апасиев: Добро е за државата ДУИ да оди во опозиција, но овие кои доаѓаат се уште полоши

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЌЕ ПРОВЕРУВА: Дали има кривично дело во случајот со затворените сали на Клинички

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЌЕ ПРОВЕРУВА: Дали има кривично дело во случајот со затворените сали на Клинички

„ВО РАМКИТЕ НА ЕВРОПСКИОТ ФРОНТ, ДУИ УЧЕСТВУВА СО САМО ОСУМ ПРАТЕНИЦИ“ - Џевдет Хајредини повторно жесток кон партијата

„ВО РАМКИТЕ НА ЕВРОПСКИОТ ФРОНТ, ДУИ УЧЕСТВУВА СО САМО ОСУМ ПРАТЕНИЦИ“ - Џевдет Хајредини повторно жесток кон партијата

ПАДНА СРЕДБА МЕЃУ ЗНАМ И ВМРО-ДПМНЕ: Еве за што се разговарало

ПАДНА СРЕДБА МЕЃУ ЗНАМ И ВМРО-ДПМНЕ: Еве за што се разговарало

ЕВЕ КАДЕ ПОПЛАДНЕВО НЕВРЕМЕ НАПРАВИ ХАОС: Улиците беа под вода

ЕВЕ КАДЕ ПОПЛАДНЕВО НЕВРЕМЕ НАПРАВИ ХАОС: Улиците беа под вода

И ЈУНИ МЕСЕЦ ЌЕ БИДЕ НЕСТАБИЛЕН, СО ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ: Попоски излезе со месечна прогноза

И ЈУНИ МЕСЕЦ ЌЕ БИДЕ НЕСТАБИЛЕН, СО ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ: Попоски излезе со месечна прогноза

ЦУК: Во тек акција за пронаоѓање и извлекување залутани лица со малолетно седумгодишно дете на опасно стрмно место меѓу с.Кожле и Велес

ЦУК: Во тек акција за пронаоѓање и извлекување залутани лица со малолетно седумгодишно дете на опасно стрмно место меѓу с.Кожле и Велес