Ајфон ги надмина Кока Кола и Мек Доналдс заедно!
Објавено во: Анализа 07 Октомври, 2013 09:22
По смртта на Стив Џобс голем број на аналитичари изразија скепса за начинот на кој Епл ќе продолжи да функционира. Губењето на креативниот мотор и конкуренцијата која пред се доаѓа од Самсунг се предизвици со кои компанијата ќе се соочува уште некое време. Сепак податоците кои доѓаат од последниот квартал за продажбата на Ајфонот, носечкиот продукт на Епл покажуваат дека премногу е рано за отпишување.
Ајфонот е искучително моќен производ. Неговата продажба (значи само неговата не онаа на Епл како компанија) ја надминува вкупната годишна продажба на Кока и Мекдоналдс комбинирано. Ајфонот има поголема продажба и од многу други гиганти:
И како дополнување, Епл од Ајфонот кој воопшто не постоеше како производ до 2007 приходува повеќе од 474 компании во најпознатиот индекс во светот S&P 500. Светот веројатно никогаш не видел вака рапиден раст на некаков производ:
Редакција Фактор
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





