18 Декември, 2025
0.0457

ВО ТЕК Е ОТКУПОТ НА БОБИНКИ ОД МОДРА СМРЕКА: Колку можете да соберете и колку ќе заработите?

Објавено во: Економија, Агробизнис 15 Септември, 2025 07:56

Добивај вести на Viber

Дел од младите, но и пензионерите во Македонија собираат бобинки од модра смрека и ги продаваат. Во овој период, во тек е откупот. Ова е шанса за заработка за луѓето кои собираат шумски плодови. Искусните берачи можат солидно да заработат. Од фирмите кои откупуваат шумски плодови,  велат дека Македонија е навистина богата со лековити растенија, билки, овошки.

„Цената варира, а килограм чини од 150 до 180 денари, зависно од регионот и квалитетот. Луѓето ги собираат.  Македонија изобилува со шумски плодови, бобинки, диви малини, капини. Има сѐ и сешто. За бобинките од смрека сретнуваме собирачи од пензионери до административци. Знаат и вработените од државна администрација да земат одмор и да ги собираат. Добар собирач, дневно може да набере околу 100 килограми, а неискусните околу 20 до 25 килограми. Бобинката од модра смрека се користи за повеќе здравствени проблеми. Тие растат во планинските места. Ја собираат од 700 па до 1.500 метри надморска височина, а расте на голи ридови. Генерално овие бобинки одат за извоз“, велат од „Херба натура“ од Скопје.

Нема сомнеж дека и во иднина овие бобинки ќе бидат барани поради нивните лековити својства.

„Оваа година нема некој да донесе бобинки од модра смрека, а лани имаше. Пред 3 или 4 години исто ги носеа за откуп. Се изретчи смреката поради сечење. На Кожуф ја нема толку многу, односно нема такви количини како на другите места. Во Гевгелија има околу 30 до 40 луѓе кои собираaт шумски плодови, дел од нив, можеби половина берат и бобинки од смрека кога има. Претходните години, па и пред 15 години, смреката не беше профитабилна. Сега има побарувачка за неа. Цената варира од година во година, оди и до 200 или 300 денари. Нема да спласне интересот, ќе ја бараат и во иднина. Имаме и млади собирачи, и пензионери, и вработени кои собираат шумски плодови во слободно време. Преку социјалните мрежи луѓето се информираат, но добро е да има некаква едукација на оваа тема, да знаат каде да собираат, какви плодови, каде да ги предадат за откуп“, вели Ангел Петров од Шумски плодови „Кожуф“.

Од плодовите со екстракција се добива етерично масло.

„Цената за бобинки од смрека е 150 денари по килограм. До нова година се откупуваат бобинките. Има собирачи во битолско, но повеќето се стари луѓе“, додаваат од фирмата Кожуваровски од Битола.

Бобинките од модра смрека се корисни за дијабетичарите, за луѓето со висок притисок, за оние кои имаат проблеми со уринарни инфекции и слично. Од плодот од смрека се прават чај, сок, тинктура и мелем.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/ededchechine

Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа