Добивај вести на Viber
Трговскиот центар„СИТИ ЦЕНТАР“ во Прилеп ќе претставува објект од затворен тип со комплетно решена вентилација, климатизација, греење кое ќе функционира 12 месеци во годината.
Парцелата е со големина од 1.617м2 и на истата парцела е предвидена изградба на визба, приземје и два ката.
Се предвидува паркирање за околу 150 возила во соодветен паркинг простор со можност за дотур на роба до сите нивоа во објектот. Предвидени се дуќани, канцеларии, кафетерии и продавници на брендирана роба.
Со овој проект се добиваат нови естетски вредности во самиот центар на градот, со што ќе добиеме објект кој со своето надворешно обликување наликува на типична современа и елитна архитектура.
Со изградбата на овој објект и негово пуштање во функција, градот ќе добие нови 250 вработувања.
Овој трговско деловен објект заедно со веќе постоечките трговски содржини во градот, ќе го внесат нашиот град на картата на најпосетуваните места во нашата земја.