Добивај вести на Viber
Во Црна Гора бројот на невработени е зголемен за 5.1%, покажуваат статистиките.
Активното население во четвртиот квартал лани било 267.6 илјади, од кои 219.8 илјади вработени и 47.8 илјади невработени. Според податоците од анкетата на Монстат, стапката на активност во четвртиот квартал била 53.5%, стапка на вработени 43.9% и на невработеност 17.9%.
За популација од 15 до 64 години, стапката на активност е 62.4%, на вработеност 51.1%, а на невработеност 18%.
Опфатени за истражувањето биле 2.05 илјади домаќинства во Црна Гора.
Демографски застапени биле сите возрасни групи.