ВО ТУРЦИЈА ЗАГИНА ЦЕЛО ДЕВЕТЧЛЕНО СЕМЕЈСТВО ПО ПОТЕКЛО ОД ЦРНА ГОРА: Починаа 3 генерации, од дедо до внук
Објавено во: Свет 14 Февруари, 2023 14:14
Целото семејство
Килинџарслан (поранешно презиме
Мујиќ), по потекло од Црна Гора, загина во катастрофалниот земјотрес што ја
погоди Турција пред седум дена.
Тажната вест ја соопшти потпретседателот на Советот за соработка со дијаспората, Бедри Ѓулшефко Муковиќ во интервју за црногорскиот портал Ревија Фокус.
Ѓул, иселеник од Црна Гора, рече дека загинале три генерации - од дедо до внук.
Тој истакна дека веднаш по земјотресот контактирале со луѓе во Адана, која е меѓу погодените градови и каде живее значајна заедница по потекло од Колашин.
„Тие се преселиле во Адана по прогонот на муслиманите од Вранешката долина, односно од областа Шаховиќи, кон крајот на 1924 година. Ја контактиравме Зулеиха Хасанбеговиќ Озбек, претседателката на здружението Адана Балкан Бошнаклари Дернеги, кое ги собира нашите луѓе во тој град. „Првите информации беа дека ситуацијата во градот е ужасна, но дека нашите луѓе се добро, дека нема загинати, но има повредени“, рече Ѓул.
За жал, се покажа дека не е така.
Бедри Ѓул живее во Истанбул со своето семејство. Тој град не беше погоден од земјотресот, но, како што рече, нема семејство во Истанбул што нема свое во тој крај“.
„Нема човек кој не сака да помогне. Истанбул е пуст, некои доброволно отидоа да помогнат во потрагата по преживеани, други отидоа затоа што нивните семејства се таму... Тие што останаа талкаат... Болката е огромна, Истанбул не е ист, целата земја крвари. Доживеавме се, бевме сведоци на се, војна и глад и човечки страдања се блиску до нас, но нема зборови за тоа што и се случи на Турција“, рече меѓу другото Ѓул, а пренесува порталот РТЦГ.
ФОТО: EPA-EFE/TOLGA BOZOGLUМожеби ќе ве интересира
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете




