ВО УЧИЛИШТЕ БЕЗ ТЕЛЕФОН: Нови правила во Албанија
Објавено во: Балкан 01 Септември, 2025 14:07
Албанското Министерство за образование и спорт, со посебно упатство, ги утврди правилата и мерките за забрана за употреба на мобилни телефони и сродни уреди во пред универзитетските образовни институции.
-Оваа учебна година, правилото е едноставно за сите. Телефоните не треба да се носат во училиште. Во случај на оправдана потреба од страна на родителот, до училишната администрација, да му се обезбеди телефон на детето, тогаш телефонот се исклучува, ученикот го предава според училишното правило во фиоката или кутијата означена во училницата, од моментот на почетокот до крајот на наставата. Во итни случаи, комуникацијата со родителот се врши само со дозвола или преку наставникот или директорот на училиштето, вели во видео-порака министерката,Огерта Манастирлиу.
Во таа насока, во нејзината денешна порака до учениците, наставниците, родителите и целата заедница, предупредува на строго спроведување на забраната за мобилни телефони во училиштата и повика на соработка меѓу наставниците, родителите и учениците, додавајќи дека училиштето треба да биде безбеден простор фокусиран на учење.
-Училиштето е местото каде што ја градиме иднината на нашите деца, тоа е просторот каде што треба да преовладуваат грижата, концентрацијата и почитта едни кон други и учењето што се одвива во училницата. Веќе неколку години имаме правило дека мобилните телефони не смеат да се користат за време на часовите. Но, оваа учебна година, гледајќи го искуството на другите земји и неодамнешните студии, го зајакнуваме спроведувањето на ова правило, за да биде навистина ефикасно, нагласува министерката.
Посочува дека одлуката нема за цел да ја исклучи технологијата, туку да ја ориентира кон нејзина правилна употреба и додава дека новото правило е „јасно и применливо за сите и дека јасно ги дефинира одговорностите на наставниците и родителите“.
Новата учебна 2025/26 година во Албанија почнува на 8 септември.
Фото: Freepik
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





