БОРБАТА СО СИВАТА ЕКОНОМИЈА КЛУЧНА ЗА ПОГОЛЕМИ ПРИЛИВИ ВО ДРЖАВНАТА КАСА – аналитичарите со забелешки за Буџетот за следната година
Објавено во: Финансии 25 Ноември, 2024 07:41
Колку се реалистични и дали навистина има основа за поголеми приливи во државната каса следната година? Можат ли да се остварат плановите за раст на приходите или сепак има „кочници“ кои може да ги расипат плановите на надлежните? Аналитичарите на Институтот за економски истражувања и политики „Фајненс тинк“ укажуваат оти три од претпоставките врз кои се темелат очекувањата за раст на економијата се нереалистични, непоскаувани и делумно неизводливи.
Да одиме по ред, како што е веќе објавено Буџетот за 2025 има проектиран раст на БДП од 3,7 проценти и раст на трошоците за живот од 2,2 отсто.
Од Фајненс тинк укажуваат дека овие стапки се „разумен одраз на моменталните економски движења“. Но, притоа посочуваат дека поголем ризик во сегментот на проектирање на буџетските приходи со номинална стапка на раст од 12,8 проценти.
Укажуваат оти оваа стапка е поставена на четри претпоставки, и тоа дека економијата ќе расте побрзо од предвиденото, дека цените ќе растат побрзо од предвиденото, дека ќе се зголемуваат даночните стапки и стапките на социјалните придонеси и дека ќе отпочне сеопфатна и бескомпромисна борба со сивата економија.
- Finance Think проценува дека првата претпоставка е нереалистична, втората е непосакувана, a третата е ненајавена и делумно неизводлива. Оттука, како реалистична останува четвртата претпоставка – борбата со сивата економија, за која Finance Think во континуитет укажува дека крие фискален потенцијал кој надминува 700 милиони евра на годишно ниво - како и препораки од каде може да се почне со цел поголема ефективност на таа борба – појаснуваат од Институтот.
Притоа нагласуваат дека и во најоптимистичко сценарио борбата со сивата економија не може да донесе толку висок резултат во првата годинa. Потенцираат дека досега буџетските и даночните приходи оствариле номинални стапки на раст повисоки од 10 проценти само во постпандемиската 2021 година, поради ниската основа претходната година и во кризните 2022 и 2023 година поради високата стапка на инфлација.
- Во таа смисла, проекција дека буџетските приходи ќе растат со 12,8 отсто во 2025 година е амбициозна. Предлог Буџетот 2025 предвидува пораст на буџетските расходи за 10,3 отсто, што е пониско од проектираните буџетски приходи и е показател за добра намера. Прегледот во проектираната структура на буџетските расходи укажува на одредена фискална консолидација. На пример, за поздравување е што ставката ‘стоки и услуги’, која најчесто крие сиви зони како времени вработувања во јавната администрација, хонорарни вработувања, трошења за храна, пијалоци, мебел, патувања и сл., е проектирана со стапка на раст од само 2,6 проценти. Но мора да се забележи дека таа порасна за 21,3 процнети со последниот ребаланс на Буџетот за 2024 година – укажуваат аналитичарите.
Исто така појаснуваат дека и субвенциите и трансферите, кои кријат одредени неефикасности, растат поскромно, само 1,9 отсто. Потоа укажуваат дека иако монетарната политика постепено се олабавува мора да се има предвид дека домашните извори на ризик за цените на овој начин зајакнуваат и може да претставуваат закана.
- Севкупно, порастите кај сите овие трошоци дополнително ја нарушуваат развојната компонента на Буџетот и тој и понатаму останува заробен во социјалните потреби на економијата и општеството во целина. Капиталните инвестиции се проектирани со раст од 13 проценти, и тој раст е поскромен споредено со претходните години. Фокусирањето кон поголема ефективност на капиталните инвестиции, почетокот и интензивирањето на клучни инфраструктурни проекти, може да даде поддршка на ваквото проектирање на капиталните трошоци. Но, од друга страна, и понатаму мора да се има предвид ограничениот институционален капацитет за реализација на јавните инвестиции, за што говори и фактот дека заклучно со средината на ноември 2024, капиталните трошоци се реализирани само до 42,8 отсто – нагласуваат од „Фајненс тинк“.
Притоа посочуваат дека реализацијата до крајот на годината би изнесувала до 500 милиони евра од предвидените 725 милиони евра, и дека погледнато од таа перспектива, проектирањето на капиталните расходи за 2025 година на ниво од над 800 милиони евра останува со назнаката ‘преоптимистичко’ и со познатиот ризик тие да бидат скратени при првиот ребаланс на Буџетот.
П.О.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





