18 Декември, 2025
0.0537

Во време на криза Србите инвестираат во дукати, но дали Македонците го прават истото?

Објавено во: Економија 21 Февруари, 2023 07:27

Добивај вести на Viber

Српските медиуми деновиве пишуваа дека нивните граѓани во услови на криза, вложуваат во дукати кои во иднина би ги продале.

Во златарниците во Скопје велат дека има одреден интерес, дека дел од населението последните неколку години купува златни монети чија цена варира зависно од грамажата и достигнува и до 2.000 евра.

„Се јавуваат, прашуваат. Има монети од 1 грам до 36 грама. Последните 3-4-5 години ги бараат“, потврдуваат од скопска златарница.

Но, тоа не е случај во внатрешноста. Златарите во помалите градови објаснуваат дека  најголем дел од населението нема куповна моќ за да си дозволи да инвестира во златни монети, но и нема соодветна едукација и не се впушта во ризик.

„Луѓето обично купуваат злато за свадби, веридби, родендени и други прослави, значи за лични потреби, но не и за да инвестираат. Едноставно во помалите градови стандардот е низок. Луѓето немаат куповна моќ, немаат доволно пари за вложување, но и немаме некоја култура на инвестирање во злато. Златото не губи, може да се смета како една „сигурна валута“ ако можеме така да ја наречеме. Во помалите градови ако има поединечни случаи некој да купил една плочка или една монета, тоа е реткост. Не дошол муштерија да купи 10, 20, 30 златни монети. Има различни монети, австриски, француски, со различна големина. За Скопје е поразлично, таму се вртат големи пари, таму има побогато население и состојбата е различна“, велат златари од внатрешноста.

Сопствениците на златарниците објаснуваат дека големите геополитички збиднувања, како Брегзит, пандемијата на коронавирусот, а сега и војната во Украина, доведуваат до промени на цените на златото, но во минатото ако погледнеме што се случувало со децении, имало и периоди кога цените на златото доживувале големи шокови.

Српските експерти велат дека од 2013 година наваму цената на златото расте и затоа луѓето му веруваат и вложуваат во златото. Имаше прогнози според кои во 2023 година, цената на златото ќе порасне за 10 отсто. Се очекува дека истото ќе се случи и со цената на среброто. Килограм злато чини 59,348.90 долари, а среброто е околу 700 долари. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа