Во Загреб паркингот поевтинува, во Скопје ќе поскапува?
Објавено во: Анализа 13 Март, 2014 08:30
И со оваа цена паркирањето во Загреб не е многу поскапо од она во Скопје, каде што просечната цена изнесува 35 денари на час. Сепак, од ЈП „Градски паркинг“ - Скопје сметаат дека ваквите цени се прениски и оти треба да се зголемуваат.
Зошто во Скопје „паркинг-математиката“ е различна?
Ценовникот за паркирање по час на ЈП „Градски паркинг“ е одреден согласно местоположбата на паркиралиштата, односно зоните. Зоната А ги вклучува паркиралиштата во строгиот центар на градот, каде што цената за еден час паркирање изнесува 45 ден, во зоната Б е 35 денари, во зоната Ц и во зоната Д е 25 денари за еден час, што значи дека просечната цена изнесува 35 ден.
„Цените за паркирање во Скопје не се променети од 2008 година и оттогаш нема нивно покачување. Во тие цени, покрај услугата, пресметан е трошокот за ДДВ од 18 отсто, како и комунална такса од 10 отсто, што значи дека околу една третина од вкупната цена се други трошоци“, велат од „Градски паркинг“.
Но, вредноста на часот паркирање во македонскиот главен град уште повеќе се зголемува, доколку при пресметката се земе предвид и нискиот животен стандард на македонските граѓани.
Весникот „Нова Македонија“ неодамна ги спореди цените за паркирање во Скопје со оние во останатите европски метрополи, но согласно животниот стандард на населението и дојде до заклучок дека споредено со месечните приходи, скопјани плаќаат поскап паркинг:
Извор: Нова Македонија
Сепак, од ЈП Градски паркинг - Скопје сметаат дека цените на паркингот не можат да се поистоветат во целост со примањата на граѓаните, туку целта и цените на паркирање треба да придонесат и за растоварување на сообраќајот и за намалување на загадувањето на воздухот.
Билјана Арсовска
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





