Во завршна фаза Зелениот пазар во Кисела Вода
Објавено во: Македонија 03 Декември, 2012 13:19
Зелениот пазар во Општина Кисела Вода лоциран на улица „Франк Харкорд Манинг“, од средината на овој месец ќе биде пуштен во употреба.
Општината информира дека во моментов се поставуваат 40 тезги со настрежници за продажба на земјоделски производи. Пазарот ќе се простира на површина од околу 250 квадратни метри. Градежните работи ги врши “Бортас”.
Во рамките на пазарот ќе има чешма за вода, тоалети, а ќе се обезбеди и пристап за возилата кои ќе ги доставуваат производите.
Во изминатиот период на оваа локација егзистираа неколку тезги за продажба на земјоделски производи, кои никако не можеа да ги задоволат барањата и потребите на жителите на Кисела Вода за земјоделски производи.
Одржувањето на пазарот ќе биде во надлежност на ЈКП “Комуналец – Кисела Вода”, а за изградбата на овој пазар, општината од својот буџет издвои околу 4 милиони денари.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино
Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец





