Во железничката инфраструктура ќе бидат вложени 110 милиони евра
Објавено во: Македонија 21 Јули, 2013 19:06
Во железничката инфраструктура во изминатите десет до петнаесет дена се придвижија многу работи. Се работи за повеќе проекти со вкупна вредност од околу 110 милиони евра, рече премиерот Никола Груевски.
Одговарајќи на новинарско прашање за инвестициите во железница, Груевски истакна дека еден од најсвежите примери е проектот за набавка на вагони, како товарни така и патнички односно 150 товарни вагони во износ од 15 милиони евра како и шест сетови на патнички вагони во вредност од 25 милиони евра. Според него, има уште еден дел за реконструкција на железницата во рамки на овие 50 милиони евра.
„Исто така 2,5 милиони евра е реконструкцијата на железничката станица во Скопје, која практично никогаш досега не е реконструирана од кога е изградена. Можеби и еден од круцијалните проекти е првата фаза од железницата кон Бугарија, а тоа е Куманово – Бељаковце, за која што веќе се распиша тендер за изведба и се распиша тендер за проектирање на втората фаза од Бељаковце до Крива Паланка, појасни премиерот Груевски.
Сите проекти заедно и проектот за реконструкција на уште една делница во оној дел накај Неготино, информира тој, изнесуваат околу 110 милиони евра, договори потпишани во изминатите десет – петнаесет дена.
- Се ова е ветено во нашата програма на изборите така што ние си одиме според тоа што сме го ветиле, потенцира премиерот Никола Груевски, кој денеска присуствуваше на отворањето на првиот Аква парк во Скопје.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





