Водата се повлекува, поплавите низ Македонија оставија пустош зад себе
Објавено во: Македонија 27 Февруари, 2013 18:53
Дирекцијата за заштита и спасување ги сумира штетите од големите поплави кои изминативе два дена ја зафатија половина Македонија. Во денешниот извештајот се опфатени општините Радовиш, Свети Николе, Кумановско, Охрид, Пробиштип, Струмичко, Валандово и Велес.
Целосен извештај Во регионот на општина Радовиш поплавени се земјоделски површини и од страна на Дирекцијата за заштита и спасување се ангажирани 1 Багер, 1 Булдожер и 1 Камион кипер.Во регионот на општина Свети Николе, во најнискиот дел од градот се поплавени 70 - 80 куќи од прелевањето на браната Мавровица каде на терен се екипи од ТППЕ со возило и пумпи. Од страна на Дирекцијата за заштита и спасување се однесени 22 пумпи за црпење вода и еден Багер гусеничар кој е обезбеден од Дирекцијата за заштита и спасување од Куманово кој поради условите ќе почне со работа од 01.03.2013 година.
Во регионот на општина Куманово во селото Доброшане од реките Пчиња и Крива река поплавени се земјоделски површини во околните села.
Во регионот на општина Старо Нагоричане поплавени се земјоделски површини и загрозен е мостот на релата Пчиња во селото Бравотурци. Во регионот на општина Липково во селата Опае и Лопате поплавени се земјоделски површина. Од страна на Дирекцијата за заштита и спасување се ангажирани и на терен делуваат два багери и три камиони,однесени се 100 ќебиња и 1000 вреќи за песок, 100 вреќи за спиење и 100 подметачи дадени од Црвен Крст, додека од општината е обезбедена храна и хигиенски материјали.. Во регионот на општина Охрид, браната на Слатинското Езеро е оштетена и прелева, отворен е само едниот вентил. По донесената одлука на Координативнототело се врши уривање на армиран бетонски преливен праг, со цел побрзо истекување на водата со што ќе се намали можноста за оштетување на браната. Во регионот на општина Пробиштип, кај браната над селото Пишица ангажирани се багер и утоварувач, а за утре од Дирекцијата најавуваат дека ќе ангажираат дополнителна механизација. Поплавени се неколку стамбени куќи, водата се повлекува и евакуираните лица се враќаат во своите домови Во регионот на општина Струмица поплавени се земјоделски површини, додека во месноста Раборци оштетен е еден мост и се прави привремен премин. Во регионот на општина Василево, реката останува излеана во селотоПиперево каде се поплавени се земјоделски површини. Во меувреме со механизација се расчистува теренот.Во регионот на општина Босилово Дирекцијата има однесено 2000 вреќи за песок, ангажирани се 4 камиони кои носат песок за селото Зубово, како и багер кој расчистува во селото Моноспитово.
Во Валандовско поплавени се земјоделски површини, но водата се повлекува.
Во регионот на општина Велес, Вардар е излеан кај место Речани и поплавени се земјоделски површини. ОД Дирекцијата информираат дека нивото на водата опаѓа, а со багер се чисти кај мостот кај Башиносело.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски





