10 Декември, 2025
0.3147

Водечките индекси на Волстрит забележаа пад

Објавено во: Свет 08 Ноември, 2012 10:58

Добивај вести на Viber

Еден ден по реизборот на Обама водечките индекси на Волстрит забележаа пад на вредноста, а нафтата поевтини. И покрај тоа што победата на Обама им стави крај на стравувањата на инвеститорите од сценариото, според кое изборите нема да дадат јасен победник, Њујоршката берза стана сведок во срдата на најголемата распродажба на акции од почетокот ма годината.Ситуацијата беше аналогна и по избирањето на деморкатот за претседател пред четири години, кога трговијата на Волстрит беше одбележана од намалување на индексити и распродажба на акциите во екот на светската економска криза. Инвеститорите сега своето внимание го насочуваат кон т.н. „фискална скала“ и кон должничката криза во еврозоната. Трите водечки индекси на Волстрит загубија вчера над два проценти од својата вредност. Индустрискиот Дау Џоунс се намали за 2,36 отсто, широконаменскиот Стандард енд Пурс 500 за 2,37 проценти, а индексот на високотехнолошката групација Насдак за 2,48 отсто. Доларот поскапе во однос на еврото, но поевтини во однос на јапонскиот јен, кој се смета за сигурно засолниште на инвеститорите. Цената на нафтата забележа пад. Американската лесна сурова нафта за терминална испорака за декемри поевтини за 4,8 отсто на 84,44 долари за барел, што е најниска цена од 10 јули.  Американското списание „Форбс“ во меѓувреме го означи реизборот на Обама како пораз за Волстрит. Познатото економско списание нагласи дека финансиерите му дале моќна поддршка на кандидатот на републиканците Мит Ромни. - Десетици милиони долари, доставени во неговиот предизборен фонд, отидоа во неповрат, пишува „Форбс“.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КИНА ПОГУБИ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗАРАДИ ПРИМАЊЕ МИТО: Цел имот му беше конфискуван а нелегалните пари се вратени во државната каса

КИНА ПОГУБИ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗАРАДИ ПРИМАЊЕ МИТО: Цел имот му беше конфискуван а нелегалните пари се вратени во државната каса

(ВИДЕО) ТРАМП СЕ СКАРА СО НОВИНАРКA: Ja нарече напорна и ужасна

(ВИДЕО) ТРАМП СЕ СКАРА СО НОВИНАРКA: Ja нарече напорна и ужасна

(ВИДЕО) БРИЖИТ МАКРОН ПРЕДИЗВИКА СКАНДАЛ: Koи се жените кои ги навреди и зошто?

(ВИДЕО) БРИЖИТ МАКРОН ПРЕДИЗВИКА СКАНДАЛ: Koи се жените кои ги навреди и зошто?

ЕУ и НАТО со порака: Мировните преговори зависат од суверенитетот и безбедноста на Украина

ЕУ и НАТО со порака: Мировните преговори зависат од суверенитетот и безбедноста на Украина

Трамп ја нарече „непријатна“ казната од ЕУ за „Икс“ на Маск

Трамп ја нарече „непријатна“ казната од ЕУ за „Икс“ на Маск

НЕ Е САМО НЕТФЛИКС: Парамаунт со конкурентска понуда за преземање на „Ворнер Брос - Дискавери“

НЕ Е САМО НЕТФЛИКС: Парамаунт со конкурентска понуда за преземање на „Ворнер Брос - Дискавери“

Корисниците ќе имаат избор: Мета се обврзува да се придржува до законите на ЕУ

Корисниците ќе имаат избор: Мета се обврзува да се придржува до законите на ЕУ

Трамп го обвинува Зеленски дека не го прочитал предлогот за мир во Украина

Трамп го обвинува Зеленски дека не го прочитал предлогот за мир во Украина

Кремљ ја фали новата безбедносна стратегија на Трамп - Зеленски на средба со европските лидери во Лондон

Кремљ ја фали новата безбедносна стратегија на Трамп - Зеленски на средба со европските лидери во Лондон