Водостојот е висок, ХЕЦ„Шпилје“ работи со полна пареа
Објавено во: Македонија 17 Април, 2013
Oд почетокот на оваа година до денес, во ХЕЦ „Шпилје“ кај Дебар, произведени се 118 милиони киловат часови електрична енергија, што претставува 47 отсто од годишниот план на производство.
„Од почетокот на февруари електраната работи со максимален капацитет. Дневното производство изнесува два милиони киловат часови . Тоа како резултат на исклучително поволната хидрологија и подготвеноста на електормашинската опрема да ја прими и преработи целата количина на вода која доаѓа“, посочуваат од компанијата од каде што поради поволната хидрологија се предвидува дека ќе биде поминат годишниот план од 252 милиони киловат часови енергија.