29 Септември, 2024
0.0241

Воените конфликти го уриваат туризмот – Израел ја губи битката

Објавено во: Анализа 25 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Ова лето Омер Бендџоја започна работа како продавач на пијалоци, храна и разгледници на ридот, кој нуди една од најубавите панорамски глетки кон Ерусалим. Се што на 17-годишното момче му треба во моментов, се клиенти. Откако воените дејствија меѓу израелската армија и палестинските екстремисти во Газа ескалираа, туристите се намалија. Американските воздухопловни регулатори извршија дополнителен удар оваа недела, бидејки им забранија на превозниците од САД да извршуваат летови до Тел Авив за прв пат од 1991 година. Европските колеги го препорачаа истото, откако ракета, истрелана од Газа, падна на околу еден километар од аеродромот. Одлуките дојдоа само еден ден откако малезиски патнички авион беше соборен во зона на воени дејствија во Украина. САД сепак ја укинаа забраната за летови и тие ќе бидат обновени. "Смирете се, погледнете колку е празно", посочува Бендџоја, стоејќи во непосредна близина до светло црвениот камион кој неговиот работодавец го користи како павилјон. "Обично тука би стоеле 100 или 200 луѓе", коментира момчето, додека погледнува кон празното камено шеталиште, кое е со поглед на ѕидовите на стариот град, куполата на Карпата и Маслиновата Гора. Иако Ерусалим е мирен, битките кои оставија стотици палестински и десетици израелски семејства тажни за своите покојни блиски, се закануваат по егзистенцијата на многу други. Речиси една третина од странските посетители кои се очекуваа во Израел во јули ги откажаа резервациите. Индустријата, која пречека рекордни 3,5 милиони странски туристи во 2013 година, оваа година се соочува со значителни проблеми. Но ова не е првпат. За време на 23-дневниот конфликт со борците на Хамас во Газа во 2009 година туризмот падна со околу 39%. Војната со партизаните во Либан во 2006 година, пак, доведе до пад од 53% во туризмот. Додека годинава насилството растеше, хотелите, рестораните и одморалиштата беа подготвени за рекордна година и скок од 17% во бројот на туристите во првите пет месеци од годината. Туризмот претставува 7,3 проценти од економијата на Израел. Дури 30% од очекуваните гости веќе ја откажале посетата. K.K.