20 Декември, 2025
0.3458

„Воинот на коњ“ ќе се преименува во „Александар Македонски“

Објавено во: Македонија 13 Јуни, 2018 13:47

Добивај вести на Viber

Споменикот посветен на Александар Македонски на плоштадот Македонија во Скопје ќе добие плоча дека е паметник од хелинистичкиот период и култура, но ќе добие промена на официјалниот назив кој сега гласи „Воинот на коњ“, информираше денеска на прес-конференција портпаролот на Владата Миле Бошњаковски.

- „Воинот на коњ“ ќе го преименуваме во тоа што вистински е – Александар Македонски и ќе дадеме објаснување во рамки на споменикот за што станува збор односно „Александар Македонски како дел од хеленскиот антички период и како светско културно наследство“, истакна Бошњаковски.

Според него, овој споменик нема да се урива туку тој ќе остане како симбол на пријателство помеѓу Република Македонија и Република Грција.

„Истото ќе се случи и со споменикот на Филип Втори и споменикот на Олимпија. Сите евентуални решенија за спомениците кои се од светското цивилизациско наследство ќе бидат во насока на потврдување на пријателството помеѓу Македонија и Грција. Едно е сигрно ние нема да се срамиме спомениците да ги нарекуваме така како што се“, рече Бошњаковски.

Посочувањето на хеленската култура, како историско и цивилизациско наследство на светот, на споменици од „Скопје 2014“ е предвидено со договорот што го постигнаа премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас за спорот со името.



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки