За паркиралиштата војна, граѓаните никој не ги прашува!
Објавено во: Македонија 30 Мај, 2014
- Тие се расправаат, а нас граѓаните кој не прашува, дали сакам јас паркингот да ми биде под ЈП “Паркинзи Центар” или под “Градски паркинг”. Подолг период овие претпријатија се расправаат за паркинзите во оваа населба, очигледно е зошто, се работи за атрактивна локација. Лично јас сакам не сакам во моментов промени, ми одговараат условите на Паркинзи Центар, вели жител од населбата Дебар маало.Сите помали улички кои ги чисти општината мора да ги наплаќа и општински паркинг. Што има Градот во моја уличка од петнаест метра да наплаќа? Ако ја чисти и одржува, асвалтира и тротоари, ако тоа го прави општината, тогаш која е логиката да ме наплаќа паркинг ЈП Градски Паркинг?, вели жител на Дебар маало Други пак велат дека им е сеедно кој ќе стопанисува, важно е да нема зголемување на цените.
- Сеедно ми е кој сака нека стопанисува, само да нема промена во условите, да не се зголемат цените за паркирање, ако веќе решиле да се распрваат тогаш нека направат конкуренција со условите, нека ни дозволат и ние жителите да се изјасниме, вели еден скопјанец, вели жител во населбата Дебар маало.Од поранешната гарнитура на општинското претпријатие ЈП “Паркинзи Центар” за Фактор, коментираат дека оваа војна секогаш постоела и ќе постои се додека двете претпријатија, но и Градот Скопје и општината Центар, не седнат да најдат заеднички збор.
- Интерес имаат и двете претрпијатија, и едното треба да работи и другото, но во ситуација, се додека и двете работат ќе има вакви караници. Во наше време ние се боревме за улиците со кои стопанисуваме и покрај тоа што двајцата гардоначалници беа од иста партија, сепак ние цврсто стоевме со аргументи за тоа со кои улици имаме право да стопанисуваме, и сега Центар треба да се бори ако сака да останат тие паркиралиште под ЈП ПОЦ. Тогаш имавме одлука според која сервисните и станбените улици беа под наша надлежност. Потпишавме и меморандум со ЈП “Градски Паркинг” со кој се предвиде жителите било каде да се паркираат да имаат ист третман, приходите имаше начин како се делеа. Сега има муабети дека меморандумот не се почитува од страна на ПОЦ. Но сепак логично е овие паркиралишта да ги земат ПОЦ. А ако размислуваме реално тогаш треба да постои едно претпријатие на ниво на Град Скопје, и секоја општина да си има сопствено претпријатие, објаснуваат за Фактор од поранешната гарнитура на Паркинзи Центар, кои не сакаа јавно да коментираат.Трајановски: Паркирањето да се уреди според законите Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски изјави дека Градот Скопје е заинтересиран паркирањето во градот да се уреди според законските прописи, со цел на граѓаните да им се понуди квалитетна услуга и доволен број паркинг-места. Од Градот посочија дека проектите кои ПОЦ ги доставиле до Градот не биле одобрени од Министерството за внатрешни работи и тоа била единственета причина поради која Градот не можел да издаде решение за утврдување на сообраќаен режим.
- Сакам да нагласам дека овде не станува збор за војна, како што не обвинија, ниту за какво било противење. Напротив, Градот Скопје ја поддржува општината Центар во своите напори да го регулира паркирањето на своето подрачје. Токму поради тоа, службите на Градот Скопје и на општината Центар повеќепати заеднички барале решение за настанатиот проблем. МВР издаде препораки до општината Центар да изработат градежен инфраструктурен проект и да направат џебови за паркирање, а Градот Скопје го задолжи да ја избрише постојната хоризонталната сигнализација на посочените паркинг-места. Доколку Градот Скопје не ги преземе законските мерки за надминување на настанатата состојба со спорните паркиралишта во Дебар Маало 2 и не постапи во согласност со мислењето на МВР, нашите инспектори ќе заработат казни, изјави на вчерашната прес-конференција градоначалникот Трајановски.Жерновски: Општина Центар и ЈП Паркинзи на општина Центар мора да се одбранат од нападите. Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски и директорот на ЈП ПОЦ, Саша Богдановиќ посочија дека најавите од власта по изборите дека ќе има промени кон општина Центар, почнаа да се реализираат со отворање на нова војна од страна на град Скопје кон општината Центар и ЈП ПОЦ.
- Во понеделник почнува уништувањето во паркинзите во Дебар Маало. Ова дивеење од понеделник ќе нанесе штета врз ПОЦ, кое од уништено јавно претпријатие, благодарение на директорот и менаџерскиот тим почна да функционира, но ќе нанесе штета и врз граѓаните. Нема да има контрола кој каде ќе се паркира. Она што е тажно е различниот третман што го надлежните кон ЈП Градски Паркинг и кон ПОЦ. Досега одбегнувавме војна, но доколку ја реализираат намерата да ги уништат паркинзите во Центар, тогаш градоначалникот на Скопје ќе мора да ги плати комуналните такси од неколку милиони евра затоа што наплаќале на улиците кои се под ингеренции на општина Центар. Коце Трајановски нека ги спреми парите, затоа што законите мора да функционираат, изјави вчера Жерновски.Сегашниот директор на ЈП ПОЦ, Саша Богдановиќ посочи дека цело време биле во контакт со надлежните од град Скопје за сообраќај
-За да се види и разреши проблемот ги повикувам да формираме координативно тело и заедно да го решиме проблемот со паркирање во општина Центар, бидејќи тоа го бараат граѓаните. На улиците Орце Николов, Максим Горки, улиците околу МРТВ и катната гаража, со кои стопанисува ЈП Градски Паркинг немаат соодветни решенија и проекти, но Градски Паркинг нема проблем, изјави вчера директорот на ЈП ПОЦ, Богдановиќ.По смената на власта во општина Центар, но и поставувањето на новото раководство на ЈП ПОЦ, повторно почна војната за паркиралиштата.Минатата година ЈП Паркинзи Центар ги изгуби дел од паркинзите во Дебар Маало, бидејќи Градот ја отстрани сигнализацијата, а одбележаните паркинг места ги обои со црни линии, што требаше да на сите паркиралишта во Дебар маало, а со кои стопанисува општината Центар. Судирот на претпријатијата на грбот на граѓаните Чести проблеми од нерасчистените сметки на двете претпријатија, се јавуваа на улицата Антонио Грубишиќ. Имаше ситуации кога некој кој што се паркирал на оваа улица, преку мобилен телефон со смс порака платил на ЈП Градски паркинг, во истиот момент вработениот од ЈП Паркинзи Центар исто така бара наплата. Тогаш, директорите на ЈП Паркинзи Центар и ЈП Градски паркинг, Маргарита Бакев и Борче Јакимовски, тврдеа дека токму оваа улица е во нивна надлежност. И едните и другите цврсто стоеја на ставот дека нема да ги отстранат своите табли. Еве какви беа нивните ставови:
- Кога има вакви случаи ние сме флексибилни и не дозволуваме граѓаните да бидат оштетени.Согласно одлуката на Советот на општина Центар за сервисни и станбени улици на подрачјето на општината, улицата Антоние Грубишиќ е во надлежност на општината и согласно Одлуката за јавни паркиралишта од значење за Центар оваа улица е во надлежност на ЈП “Паркинзи Центар”. Оваа улица се наоѓа во зоната 1, во секторот Дебар маало, изјави на 09.01.2013 сега поранешната директорка на Паркинзи Центар, Маргарита БакевИ од ЈП Градски паркинг тврдеа дека со улицата стопанисуваат тие.
- Ние нема да ја тргнеме таблата, бидејќи имаме решение за зонско паркирање за оваа улица од МВР и од Град Скопје, а колку што знам двојни решенија не се издаваат. Треба Паркинизи Центар да си се повлечат, оти нашето решение е важечко ние имаме одобрен проект од Град Скопје. Нашето претпријатие е формирано во 2005 година, а активно работи од 2006 година и досега ниту едно паркиралиште не е на диво, изјави на 09.01 .2013 година Борче Јакимовски, директор на ЈП “Градски паркинг”.Недоразбирањата се одвиваа пред очите на градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и пред градоначалникот на Центар Владимир Тодоровиќ , но ниту еден од нив не ги пресече караниците меѓу двете претпријатија кои ги раководат паркинзите. Битката за Дебар маало уште кога ЈП „Градски паркинг“ најави дека ќе воведе зонско паркирање на дел од паркиралиштата во оваа наслеба и излезе со став дека нема да ги даде паркинг местата со кои сега стопанисува во Дебар маало, на ЈП „Паркинзи Центар“. Од Градски паркинг тогаш изјавија дека сите паркиралишта во Дебар маало, освен улицата Ленинова биле под нивна надлежност. Пред две години дури имаше и обид двете претпријатија да се припојат, но зделката заврши неуспешно. Ј.С