15 Декември, 2025
0.0609

„ВОЈНАТА ДОЈДЕ КАЈ НАС“ - РУСИТЕ БЕГААТ: Офанзива на Украина (ВИДЕО)

Објавено во: Свет 12 Август, 2024 10:47

Добивај вести на Viber

Руските власти наредија евакуација во Белгородската област, на границата со Украина, пред офанзивата на украинските сили утринава.

„Имаме алармантно утро, непријателска активност на границата на регионот Краснојаруш. За да го заштитиме животот и здравјето на нашето население, почнуваме да ги преместуваме луѓето што живеат во регионот на побезбедни места“, рече гувернерот Вичеслав Гладков во видео порака објавена на Телеграм, а пренесе агенцијата Интерфакс.

Областа Краснојаруш има околу 14.000 жители.

Евакуацијата во Белгородската област се врши во време кога руската армија се соочува со украински вооружен упад во областа Курск во кој, според украинската страна, учествуваат илјадници војници.

Како што пишува Киев пост, украинските единици ја прелетале границата во вторникот наутро во досега најголемата и најуспешната офанзива на Киев во двоиполгодишниот конфликт. Украинските трупи напредуваа неколку километри, принудувајќи ја руската армија да брза со резерви и дополнителна опрема - иако ниту една страна не даде прецизни детали за ангажираните сили.

Локалните власти детално го опишаа степенот на евакуација на цивили од градовите и селата во близина на борбената зона.

„Повеќе од 76.000 луѓе се привремено преместени на безбедни места“, државната новинска агенција ТАСС ги цитираше претставниците на регионалното министерство за вонредни состојби на брифингот во саботата. Во пограничната област е испратена брза помош, а дополнителни возови за главниот град Москва се пуштени за луѓето кои бегаат од борбите.

„Војната дојде кај нас“, рече една жена, која одби да го каже своето име, за АФП по пристигнувањето на железничката станица во Москва во петокот. Рускиот Национален комитет за борба против тероризмот доцна во петокот објави дека започнува „антитерористички операции во регионите Белгород, Брјанск и Курск“ за заштита на граѓаните. Безбедносните сили и војската имаат широки овластувања за итни случаи за време на „контратерористичките“ операции.

Исто така, руската нуклеарна агенција во саботата предупреди на „директна закана“ за блиската нуклеарна централа Курск, на помалку од 50 километри од борбите.

фото: EPA

Можеби ќе ве интересира

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете