28 Септември, 2024
0.0246

Војната против доларот е објавена – партнерите се редат!

Објавено во: Анализа 04 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Иако многу високо задолжените земји низ целиот свет се надеваат вниманието на јавноста да се разграничи од нивните внатрешни проблеми и да се насочи кон жнеење на успеси на берзите, една промена со големо значење за пазарите се случува зад сцената дедоларизација на светот. Вистински пример за тоа како се повеќе земји се подготвуваат за новата фаза на девизните војни, можеме да погледнеме од Русија, каде експертот од The Voice of Russia Валентин Мандреску објаснува дека полека, но сигурно, алијансата Брикс (Бразил, Русија, Индија , Кина и Јужна Африка) се ослободува од трилиони долари во форма на американски долг, создавајќи своевиден доларски антисојуз. Пред клучната посета во Пекинг следната недела Гувернерот на Руската централна банка Елвира Набиулина се сретна со Владимир Путин, за да поднесе извештај за напредокот на договорот со главниот банкарски орган во Кина. Очекувањата се Кремљ да го искористи овој состанок за да ги сподели со целиот свет техничките детали за својот меѓународен антидоларов сојуз. На 10 јуни економскиот советник на Путин, Сергеј Глазиев објави напис во кој ја најави потребата од создавање на унија на држави кои сакаат да се ослободат од користењето на доларот во меѓународната трговија и воздржани од притворањето на девизни резерви од зелените пари. Крајната цел е јасна - разбивање на печатницата за пари, наречена Федерални резерви на САД, која според многумина се користи за да го нахрани американскиот воено-индустриски комплекс, давајќи широки можности за ширење на хаос низ целиот свет преку поттикнување конфликти во земјите како Либија, Ирак, Сирија и Украина. Критичарите на Глазиев веруваат дека таков сојуз тешко би можел да се создаде и дека создавањето на светски финансиски систем кој не се базира на државните пари, ќе биде исклучителен предизвик од техничка гледна точка. Сепак во дискусијата со Владимир Путин Гувернерот на Руската централна банка ја откри можноста за остварување на елегантно техничко решение на овој проблем и испрати навестување кон членовите на антидоларовата алијанса, предводена од властите во Москва и Пекинг: "Направивме многу во однос на договорот рубља-јуан, за да се олесни трговијата на финансиските пазари. Имам средба следната недела во Пекинг" "Разговараме со Кина и нашите партнери од Брикс за создавањето на систем од мултилатерални договори, кој ќе овозможат да се пренесат ресурси кон една или друга страна, ако е потребно. Еден дел од девизните резерви можат да бидат насочени кон новиот систем ", посочи таа. Изгледа дека Кремљ го избра пристапот All in (стратегија во покер, во која играч го обложува целиот достапен финансиски удел - бел ред.) за воспоставување на своја антидоларова унија. Девизните свопови меѓу централните банки од Брикс ќе ја олесни трговијата на финансиските пазари, заобиколувајќи го елегантно доларот. Во исто време новиот систем ќе дејствува де факто и како алтернатива на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), бидејќи ќе им овозможи на членовите на Унијата да ги насочат финансиските ресурси кон некои посиромашни земји. Покрај сето ова важен бонус добиен од овој "квази-ММФ" систем, ќе има можноста на земјите од Брикс да ги прошират своите резерви во други валути, поддржувајќи ги на овој начин како своите парични средства, така и драстичното намалување на количината на доларот. Скептиците тврдат дека сигурно антидоларовата алијанса нема да успее да влијае на доларот и неговиот статус на светска резервна валута. Сигналите во обратна насока сепак се особено силни. "Мислам дека работата на линија рубља-јуани ќе заврши во најскоро и порамнување на трансакциите меѓу двете валути ќе биде отворено. Покрај тоа ние не сме единствените со слични иницијативи. Знаеме за изјавите дадени од г-дин Нојер (Гувернерот на Француската централна банка Кристијан Нојер - бел ред.). Како одмазда за она што Американците го направија на BNP Paribas, трговијата со Кина треба да се одвива во јуани или во евра ", вели претседателот на државната банка VTB Сергеј Костин. Ако сегашниот тренд продолжи, наскоро доларот ќе биде напуштен од повеќето релевантни светски економии и практично ќе биде исфрлен надвор од финансиските пазари. Тековното малтретирање на Вашингтон ќе ги натера дури и поранешните американски сојузници да ја избираат антидоларовата алијанса наместо постојниот монетарен систем базиран на зелените пари. Точката од која нема враќање за доларот, можеби е многу поблиску отколку дури замислуваме. Всушност американската валута може дури и да го положил овој своевиден Рубикон, од кој веќе нема враќање назад на патот кон релевантноста. К.К.