ВОЈУВАЛ И ВО ЧЕЧЕНИЈА: Во Украина загина познат руски снајперист
Објавено во: Свет 20 Мај, 2025 19:28
Еден од најпознатите руски снајперисти загина во Украина, a рускиот претседател Владимир Путин ќе го одликува.
Украинските медиуми објавија дека 51-годишниот Виталија Шаповалов починал во градот Часив Јар во регионот Донецк. Нема повеќе детали за неговата смрт. Информацијата за неговата смрт ја објавија и други странски медиуми.
Шаповалов имал чин виш гардиски офицер-полковник и наводно ќе биде погребан со сите воени почести. Рускиот претседател, Владимир Путин, постхумно ќе го одликува со титулата Херој на Русија, највисокото државно одликување.
Како што пишуваат украинските медиуми, Шаповалов важел за легенда меѓу снајперистите во воените кругови и за личност која „одгледала неколку генерации снајперисти, од кои некои станале херои на Русија“.
Тој е одликуван за храброст и учествувал во пет шестмесечни ротации за време на војните во Чеченија. Војувал во Сирија две години како дел од руските сили.
Иако САД сакаат брз крај на војната во Украина, сепак мир не е на повидок. ЕУ наложи нов пакет санкции за Русија.Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете
Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев




