Volkswagen повлекува 766 000 возила поради проблеми со кочниците
Објавено во: Свет 08 Јули, 2017
На повлекувањата им нема крај.
VW објави дека на вонреден технички преглед повлекува 766 000 патнички возила ширум светот поради проблеми со кочниот систем.
Причината на повлекувањата се наоѓа во фактот дека системот за кочење во одредени ситуации не функционира согласно со стандардите.
Во Германија веќе е издадена наредба за повлекување на 288 000 VW возила, но и Ауди и Шкода.