19 Декември, 2025
0.0498

Вонреден конгрес на СИРИЗА во септември ќе решава за нејзината позиција

Објавено во: Балкан 31 Јули, 2015 10:59

Добивај вести на Viber

Вонреден конгрес во септември ќе одлучи за нејзината позиција во однос на договорите со кредиторите. Тоа беше прифатено како решение од Централниот комитет на грчката радикална левичарска партија доцна во четвртокот, пренесоа агенциите, повикувајќи се на информации на државната грчка телевизија ERT. Точниот датум на пленумот засега не е познат.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас предложи да се свика конгрес, за да се изработи заедничка позиција во врска со договорот со кредиторите на земјата.

Ципрас, кој е и претседател на СИРИЗА, даде предлог на почетокот на вчерашната седница на ЦК на партијата, дел од чии членови се против потпишувањето на договорот од 13 јули на владата со доверителите за нов заем за Грција, следен со мерки за штедење.

Левото крило на владејачката партија гласаше во последните недели два пати против строгите мерки за буџетски заштеди и реформи кои беа предуслов за почетокот на новите преговори за договор со меѓународните кредитори. Мерките беа одобрени само благодарение на поддршката на опозицијата. Во изминатите неколку дена Ципрас повеќепати изјави дека неговиот приоритет е да биде склучена третина од спасувачката програма, а потоа веќе би можел да обрне внимание и на внатрепартиските проблеми.

Во предаваниот говор на телевизија премиерот на Грција го заштити пред Централниот комитет својот пресврт во однос на барањата на западните партнери. "Немав никаков друг избор освен да се согласам", рече тој. Истовремено, тој се заложи пред пратениците од левото крило за завршување на внатрепартискиот спор. Кој си мислел дека има подобро решение, "треба да каже што би значело за луѓето враќање на драхмата", рече тој. "Нема волшебни решенија за кризата", призна уште Ципрас.

Според голем број експерти Ципрас е исправен пред вистински тест за власта. Се очекува владејачката партија да има сериозни тешкотии со надминување на една поделба и евентуалниот распад. Во четвртокот на дебата беше предложена и можноста за спроведување на внатрепартиски референдум викендов за насоченоста на партијата.

Уште во средата Ципрас го зголеми притисокот над левото крило во партијата. Пред локалното грчко радио „Sto Kokkino“ тој рече дека ако не ја добие потребната поддршка во парламентот, ќе има потреба од нови предвремени избори.

Потсетуваме дека пред месец Ципрас свика општонароден референдум на кој Грците требаше да гласаат за или против мерките предложени од страна на доверителите. Референдумот што беше широко критикувана на Запад, се одржа на 5 јули. 61,31 проценти од Грците се изјасниле за "не" на предлозите на доверителите на референдумот, покажаа конечните резултати.

Европската комисија од своја страна се надева на брз договор со владата во Атина за третата спасувачка програма. Тоа треба да се случи до почетокот на втората половина на август. Во преговорите освен ЕК учество земаат и претставници на Меѓународниот монетарен фонд, Европската централна банка и Европскиот механизам за стабилност (ESM). Програмата е со зафатнина од 86 милијарди евра за следните три години. До 20 август Атина треба да врати 3,2 милијарди евра на Европската централна банка, а засега не располага со средствата.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација