15 Декември, 2025
0.0781

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА НА ЈУЖНАТА ГРАНИЦА: Kaкви планови има Трамп за Панамскиот Канал?

Објавено во: Свет 20 Јануари, 2025 19:28

Добивај вести на Viber

Новиот американски претседател, Доналд Трамп кој денеска е инаугуриран, кажа дека златната доба на Америка почнува сега. Најавувајќи дека ќе ја стави Америка на прво место, тој додаде дека земјата ќе процвета и ќе биде почитувана.

„Ќе го вратиме нашиот суверенитет, ќе ја вратиме нашата безбедност. Наш главен приоритет ќе биде да создадеме нација која е горда, просперитетна и слободна. Нема да потфрлиме. Од овој ден, Америка ќе биде слободна, суверена и независна држава. Иднината е наша“, изјави Трамп. 

Вели дека Америка наскоро ќе стане поголема, посилна и поисклучителна од кога било.

„Ова е почеток на возбудлива нова ера на национален успех. Сончевата светлина се истура врз целиот свет и Америка има шанса да ја искористи оваа можност како никогаш досега“, рече Трамп.

Тој ги нападна политиките на претходникот Џо Бајден и како се справувал со мигрантската криза.

„Претходната влада им даде засолниште и заштита на опасни криминалци кои илегално влегоа во нашата земја“, додаде Трамп. 

Тој најави дека веднаш ќе почне да потпишува извршни наредби, меѓу кои и прогласување на вонредна состојба на американско-мексиканската граница и означување на наркокартелите како странски терористички организации.

„Илегалното влегување во земјата веднаш ќе биде запрено, а владата ќе почне процес на враќање на милиони криминални странци таму од каде што дошле“, вети Трамп.

Најави дека Америка повторно ќе биде производствена земја и дека ќе ги користи своите резерви на нафта и природен гас.

„Америка повторно ќе биде богата земја зашто имаме течно злато под нашите нозе. Американскиот сон ќе се врати и ќе се развива како никогаш досега“, вели Трамп. 

Тој најави укинување на цензурата и на програмите за различност, еднаквост и инклузија во федералната влада и додаде дека бил сериозен кога рекол дека САД ќе ја повратат контролата врз Панамскиот Канал. Прогласи вонредна енергетска состојба во обид да ги намали цените и најави воведување царини и даноци за странски земји.

Трамп за време на неговото денешно инаугуративно обраќање рече дека „Панама ги прекршила договорите за кои е потребна неутралност во управувањето со каналот“.

„Изгубивме 38.000 животи во изградба на Панамскиот канал. Сега на нашите бродови тешко им се наплатува. Па видете, не ѝ го дадовме каналот на Кина, туку на Панама. Сега ќе си го вратиме назад“, наведе Трамп. 

Тој потсети дека Американците се истражувачи и авантуристи на други континенти и дека не постои сон кој не може да се освои ако нацијата работи заедно.

Можеби ќе ве интересира

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете