18 Декември, 2025
0.1310

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА: Њујорк ги мобилизира „FBI“ и полицијата по заканите на ИД

Објавено во: Свет 12 Јануари, 2015 14:09

Добивај вести на Viber

Полицијата во Њујорк го подигнала нивото на безбедност по повод најновите закани кои ги испрати Исламската држава, а во кои им порачува на своите истомисленици да „се кренат и да ги убиваат припадници на полициските сили, војници, припадници на безбедносните служби, но и цивили“. Оваа закана особено се однесувала на територијата на САД, Франција, Австралија и Канада, кои до неодамна беа четирите главни мети. Полициските службеници во Њујорк добиле инструкции да бидат „во состојба на најголема готовност и постојано да размислуваат на антитерористички тактики“, особено по ситуацијата која ја потресе цела Франција, но и светот. „FBI“ и „NSA“ испратиле пораки со слични инструкции до своите вработени низ целата држава. Ваков степен на своевидна мобилизација и повик на подготвеност јасно наведува дека опасноста од Исламската држава, но и од Ал Каеда е навистина реална, наведува „CNN“. „Не сметам дека сме под голема, но ниту под мала закана во однос на вчерашниот ден, но факт е дека мора постојано да бидеме подготвени“, изјавил Џон Милер, заменик на началникот за антитерористичките единици на нијоршката полиција. Сепак, податокот дека само во Њујорк секојдневно на антитерористички тактики и анализи на напади работат повеќе од 1.000 лица, јасно укажува на висок степен на ангажираност на американските безбедносни служби. Особено акцент се става врз анализата на неодамнешните терористички напади во Париз.  

Можеби ќе ве интересира

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија