Вонредна состојба во Добрич – 3 жртви, 150 евакуирани
Објавено во: Балкан 20 Јуни, 2014 16:44
Обилните дождови зедоа три жртви во Добрич. Прогласена е вонредна состојба, 150 луѓе се евакуирани.
Околу 07:00 часот утрово млади лица слушнале извици од куќа во реонот на автобуската станица, каде нивото на водата во моментов е околу метар и половина. Маж добил мозочен удар и не успеал да избега, а додека младите пристигнале да го извлечат, тој веќе се удавил.
Другата жртва е жена која се удавила во реонот на Хуманитарната гимназија во градот. Таму е една од најниските точки во градот и е како сливна зона.
Улиците во градот личат на пловни реки. Во градот нема струја, а училиштата денска не ги отворија вратите. Дождот заврнал синоќа, а едвај утрово престанал. И таму има многу штета.
Градоначалникот рекол дека со состојбата не може да се справи бидејќи нема средства за тоа.
Во последните 10 часа над градот се истуриле над 106 литри на метар квадратен дожд кој продолжува да врне и во моментов, и се очекува нов бран врнежи. Објавена е жолта фаза за претстојните порои. Има пораст на нивото на Сува река, се повикуваат граѓаните да преземат мерки за евакуација.
Во спортската сала „Добротица“ е организиран пункт за засолниште за загрозените.
Сеуште е затворен патот од Добрич за Албена.Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии




